Турскиот министер Фидан изрази загриженост за чекорите на Нетанјаху по ослободувањето на израелските заробеници

February 4, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес изрази загриженост за потенцијалните чекори на Владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по ослободувањето на израелските затвореници, јавува Анадолу.

„Во неделата имав средба во Доха со членовите на Политичкото биро на Хамас. Страната на Хамас нема двоумење во исполнувањето на условите од договорот за прекин на огнот. Но, низ светот има прашања за тоа како Владата на Нетанјаху ќе се однесува по ослободувањето на израелските затвореници“, рече Фидан на заедничката прес-конференција со неговиот египетски колега Бадр Абделати во Анкара.

Фидан ја повика меѓународната заедница да заземе единствен став за да го спречи Нетанјаху повторно да го започне она што тој го опиша како „геноцид“ за политичка корист.

Турскиот министер, исто така, изрази силно противење на какви било обиди за протерување на Палестинците од нивната татковина, мислејќи на предлогот на американскиот претседател Трамп.

Фидан на прес-конференцијата истакна и дека 15 палестински затвореници, кои беа ослободени од израелските затвори и кои добија визи од турската Амбасада во Каиро, пристигнале во Туркије.

Претходно беше најавено дека Туркије ќе прими 15 Палестинци кои се принудени да живеат надвор од својата татковина по ослободувањето од израелските затвори, во согласност со договорот за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шпанските судии одбиваат сувенири од Реал Мадрид

Следно

Стојковски: Стигнати повеќето лекови на Онкологија, во најбрз рок уште два лека

Latest from Blog

Во тек реконструкција на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола

Во тек е санацијата на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, со што спортскиот објект добива нов и современ изглед. Проектот опфаќа целосна реконструкција на трибините, замена и зајакнување на
Go toTop