Турски МИТ во северен Ирак неутрализираше високорангиран терорист на ПКК

August 27, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турската разузнавачка служба, (МИТ) неутрализираше високорангиран терорист на ПКК во северен Ирак, соопштија денес безбедносни извори, пренесува Анадолу.

Кадри Енџу, со кодно име Доган, неутрализиран е во ирачкиот регион Гара, соопштија извори кои сакаа да останат анонимни, бидејќи не се овластени да разговараат со медиуми.

Енџу го отвораше патот за терористичките групи во регионите Гара, Зап, Метина и Хафтанин во северен Ирак, со цел изведување напади на подрачјата опфатени со антитерористичката операција „Канџа“.

Од безбедносни извори се дознава дека Енџу бил таканаречен ирачко-сириски офицер на терористичката ПКК, кој ѝ се приклучил на терористичката организација во 2006 година, а се обучувал во регионот Зап.

Тој бил телохранител на Дуран Калкан, со кодно име Абас, и бил член и на таканаречениот извршен совет на ПКК во периодот од 2015 до 2017 година. Заминал за Гара во јануари 2018 година, информираа безбедносните извори.

Освен своите курирски должности, Енџу бил вклучен и во активностите на единицата за надворешни односи на терористичката ПКК и организирал трансфер на терористи и оружје на ПКК во рамките на Ирак и меѓу Ирак и Сирија.

Туркије започна низа операции против ПКК во северниот дел на Ирак во 2020 година, а операцијата „Канџа-катанец“ стартуваше во април минатата година, со цел уништување на засолништата на терористите на ПКК во северниот дел на Ирак, особено во подрачјата Метина, Зап и Авасин-Басјан.

Претходно турските вооружени сили ги започнаа операциите „Канџа-тигар“ и „Канџа-орел“ во 2020 година со цел да ја осигураат безбедноста на турскиот народ и границите на својата земја, неутрализирајќи ја заканата од ПКК и останатите терористички групи кои го користат северен Ирак како центар за планирање прекугранични напади во Туркије.

ПКК е сепаратистичка организација коа се наоѓа на листата на терористички организации во Туркије, Европската унија и во САД. Во текот на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија над 40.000 луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МВР со детали за несреќата кај депонијата на регионалниот пат Куманово-Арачиново

Следно

Пожарот во Ајватовци се разгоре на два крака, ќе се вклучи и вториот хеликоптер на МВР

Latest from Blog

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на

Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но и љубов меѓу затворениците

Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на КПУ Идризово.Тој отворено говори за лошите услови во затворот, иако има подобрување. Како Управа од властите овие 3 години бараат

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски
Go toTop