Туркије работи на ослободување на својата државјанка Румејса Озтурк од американскиот притвор

March 29, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турските власти прават напори да ја ослободат Румејса Озтурк, турска државјанка, студентка на докторски студии, приведена во САД, изјави денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи на Туркије, Онџу Кечели, известува Анадолу.

„Продолжуваме со напорите за ослободување на нашата државјанка Румејса Озтурк, која е приведена во САД. Нашата амбасада во Вашингтон и релевантните генерални конзулати обезбедуваат секаков вид конзуларни услуги и правна поддршка“, истакна Кечели.

Турскиот генерален конзул во Хјустон вчера ја посети Озтурк во центарот за притвор во Луизијана.

„Нејзините барања се пренесени до локалните власти и нејзиниот адвокат“, рече Кечели, додавајќи дека генералниот конзул денеска повторно ќе ја посети.

Во петокот, федерален судија во Масачусетс ја блокираше нејзината депортација до понатамошна одлука, во очекување на одлуката на нејзината петиција за ‘habeas corpus’ – мерка во кривичното право која ја штити личната слобода од самоволие на извршната власт.

Озтурк е 30-годишна Турчинка, студентка на докторски студии и стипендистка на програмата Фулбрајт. Таа беше приведена од страна на американската служба за имиграција и царина (ICE) во близина на нејзиниот дом во Сомервил, Масачусетс во вторникот, додека одела на ифтар.

Нејзиниот адвокат и семејството рекоа дека таа е приведена по кампањата на Канариската мисија, про-израелска веб-страница која ги објавува имињата на пропалестинските студенти и активисти, фокусирајќи се првенствено на северноамериканските универзитети. Озтурк беше на црната листа на тој портал поради текстот што го напиша во 2024 година, во кој го критикуваше Израел.

Американскиот државен секретар Марко Рубио во четвртокот го потврди укинувањето на визата на Озтурк и го оправда нејзиното приведување.

Сепак, Рубио не обезбеди докази кои ја поврзуваат Озтурк со какво било насилство.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фитар Бајрам следува по 29 дневен пост, десертите со шербет остануваат омилени за овој празник

Следно

Вардар славеше во Битола

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop