Туркије: На избирачко место луѓе гласаат во народна носија

May 14, 2023
1 min read

АЈДИН (АА) – Избирачките места низ Туркије се отворени утринава во 8 часот по локално време, со што започна гласањето на претседателските и парламентарните избори, јавува Анадолу.

Фоторепортерот на Анадолу забележа необични фотографии од едно од избирачките места во западниот турски град Ајдин, каде што гласачите дојдоа да гласаат во традиционални носии.

Граѓаните облечени во народна носија гласаа во основното училиште „Хидирбејли“ во округот Герменџик, Ајдин. Станува збор за народна носија специфична за областа Ајдин, Мугла и Испарта.

„Одлучивме да гласаме во нашата народна носија. Нека им е со среќа на нашата татковина и на целиот народ“, рече Мехмет Сари.

Граѓаните на Туркије денес гласаат на претседателските и парламентарните избори, а избираат меѓу тројца претседателски кандидати и 24 политички партии и 151 независен кандидат за Парламентот, кој има вкупно 600 пратенички места.

Право на глас на изборите имаат 64,1 милиони луѓе, а првпат ќе може да гласаат повеќе од 4,9 милиони турски граѓани.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Лукаку: Интер се уште може да освои два трофеja

Следно

Зеленски: „Се подготвуваме за контранапад, за кратко време ќе преземаме чекори“

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.

Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба
Go toTop