Туркије ги претстави своите политики за животна средина на климатскиот самит на ОН

December 1, 2023
1 min read

ДУБАИ (АА) – Канцеларијата за комуникации при Претседателството на Туркије ги презентираше политиките на земјата за животната средина на Самитот на Обединетите нации (ОН) за климатски промени (COP28) што се одржува во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), јавува Анадолу.

Канцеларијата за комуникации отвори штанд за презентирање на начинот за справување на земјата со отпадот, на политиките за обновливи извори на енергија и иницијативата за нула отпад, иницирана под покровителство на првата дама на Туркије, Емине Ердоган.

Учесниците покажаа голем интерес за штандот, каде што на ЛЕД-екрани се прикажуваат видеа за политиките на Туркије за животната средина, климатските промени и нула отпад.

Дирекцијата за комуникации ги изложи и книгите „Иницијатива за зелен развој на Туркије“ и „Патешествието на Туркије до нула отпад за свет погоден за живеење“.

На Климатскиот самит ќе присуствуваат над 180 шефови на држави и влади од целиот свет. Забележителен е значителниот број барања за присуство на Самитот, што надминува 500.000 учесници.

Конференцијата планирано е да продолжи до 12 декември во Експо Сити Дубаи, место кое земјата го смета за паметна и футуристичка дестинација за бизнис и иновации.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шејн, последниот ирски бунтовник

Следно

Османи: ОБСЕ е безбедно, ја спасивме организацијата, Малта избрана едноглано за претседавач

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop