Туркије до САД: Престанете да соработувате со терористите на ПКК/ЈПГ на северот од Сирија

October 7, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, синоќа имаше телефонски разговор со американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, во кој силно нагласил дека администрацијата на Вашингтон треба да престане да соработува со терористичката организација ЈПГ, известува Анадолу.

Турското МНР соопшти дека министерот Фидан телефонски разговарал со Блинкен.

„Министерот Фидан со силни зборови го привлече вниманието на својот соговорник Блинкен истакнувајќи дека САД, како сојузник, би требало да ја запре соработката со терористичката организација ЈПГ во северниот дел на Сирија и навел дека турските антитерористички операции во Ирак и Сирија одлучно ќе продолжат“, се наведува во соопштението и се додава:

„Во рамките на тековните операции на Турција во регионот, на дневен ред беше ставен и механизмот за избегнување конфликти меѓу нас и американските сили во Ирак и Сирија, а во контекст на соборувањето на едно од нашите беспилотни летала, постигнат е договор за ефикасно функционирање на споменатиот механизам на начин што нема да ја попречи нашата борба против тероризмот.“

Во соопштението се наведува дека двајцата министри разговарале и по прашањето за проширувањето на НАТО.

Турското МНР претходно објави дека е загубата на турското борбено беспилотно летало во Сирија на никаков начин не влијаело врза антитерористичката операција што турските сили ја водат против терористичката организација ПКК/ЈПГ.

ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички организации во Туркије, Европската унија и во САД. Во текот на 35 годишната кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и новороденчиња. ЈПГ е огранок на терористичка организација ПКК кој делува во Сирија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Култната „Славија” во Кисела Вода прерасна во модерен спортски комплекс

Следно

МФ: Добрите макроекономски политики го потврдија кредитниот рејтинг „ББ+“ со стабилен изглед од Фич

Latest from Blog

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални
Go toTop