Туризмот во Македонија без стратегија: Љутков најавува, но ништо не се реализира

May 7, 2025
2 mins read

Во свет каде туризмот стана „индустрија“ од највисок ранг, Македонија и понатаму тапка во место – опкружена со ресурси, но без јасна идеја што да прави со нив.

Кога Зоран Љутков, актер со политички амбиции, ја презеде функцијата министер за култура и туризам, очекувањата беа дека ќе донесе нова енергија, особено во делот на културниот туризам – сегмент кој речиси органски произлегува од неговата професионална биографија. Во изминатиот период, Љутков најави неколку значајни иницијативи насочени кон развојот на туризмот и интеграцијата на културното наследство во туристичката понуда на земјата, но за жал на терен не се гледаат резултати.

Ветувања без калкулации

Едно од клучните ветувања е преземањето на секторот туризам од Министерството за економија. Според министерот, процесот требаше да биде финализиран до крајот на 2024 година, по што требаше да започне реализацијата на програмски активности за 2025-та. Во теорија, ова е чекор кон централизирана туристичка политика, но во пракса останува нејасно кои човечки, логистички и финансиски капацитети ќе бидат префрлени.

Љутков исто така најави развој на транзитниот туризам, особено по коридорот Е-75, со фокус на археолошки локалитети, вински региони и природни атракции. Најавени се и активности за меѓународна соработка, како заеднички туристички рути со Унгарија, дефинирани при неговата посета во Будимпешта.

Дополнително, го спомна отворањето на Скопското Кале до летото 2025 и изработка на Национална стратегија за туризам и култура, која би требало да создаде профитабилен економски сектор.

Но, зад овие амбициозни најави се крие тишина. Министерството и по две недели сè уште нема одговорено на еден сериозен и структуриран сет прашања испратени од Рацин.мк, меѓу кои се:

-Кои се приоритетите на Министерството во развојот на туризмот во наредниот период?

-Дали постои национална стратегија за туризам и кога ќе биде финализирана?

-Како ќе се интегрира културата во туристичката понуда?

-Дали Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ќе се интегрира во Министерството?

-Колкав е буџетот за туризам во 2025 година?

-Колку луѓе од Министерството се ангажирани исклучиво на туризам?

-Ќе има ли кампањи на странски пазари?

-Како ќе се поттикне домашниот туризам, особено надвор од сезоната?

-Каква поддршка е предвидена за локалните мали угостители и туристички бизниси?

-Дали постои план за дигитализација и подобрување на инфраструктурата?

Сè додека овие прашања остануваат без одговор, ветувањата звучат како добри ПР-позиционирања, но не и како одржливи политики бидејќи изминува речиси една година од неговиот мандат.

ЕКСПО како симбол на промашена стратегија

Настапот на Македонија на ЕКСПО 2025 во Осака уште повеќе ја нагласува институционалната празнина. Во време кога другите држави – како Словенија, Португалија или Јапонија – го користат настанот за иновативни прикази на одржлива иднина, Македонија се појавува со ретро мотото:

„Од величествените врвови на Кораб до безвременската убавина на Стара чаршија во Скопје, нашата е земја полна со чудеса кои чекаат да бидат откриени“.

Павилјонот се повикува на неостварени урбанистички соништа, како проектот на Кензо Танге, без да понуди перспектива за иднината. Фокусот останува на традицијата, историјата и природата – атрибути кои секако се вредни, но не се доволни за да се изгради препознатлив туристички бренд во 21 век.

Најавената „визија“ на министерот во Јапонија, без претходно презентирана стратегија, план или отворен конкурс за концепт, остава впечаток на импровизација.

Декларации без реална политика

Во своето обраќање, Љутков изјави:

„ЕКСПО е место каде што светот се среќава – преку иновации, култура и визија за иднината. Нашето присуство тука е увертира за сето она што ќе го претставиме во наредниот период.“

Но што, конкретно, ќе претставиме? Без документи, без јавна расправа, без транспарентност, останува само наративот, а не содржината.

Туризмот е глобална индустрија што генерира 10% од светскиот БДП. За мала земја како Македонија, тој може да биде економски спас. Но, за тоа е потребна стратегија – не само фрази. Посетата во Јапонија е само симптом на подлабок проблем: институционална импровизација и неспособност да се мисли долгорочно.

Сѐ додека институциите не одговорат на клучните прашања – за визија, ресурси и поддршка – Македонија ќе остане туристички потенцијал што никогаш не се реализирал.

Соња Танеска

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Европратениците претпладнево ќе гласаат за извештајот за Србија

Следно

„Макавеј“ ја објави поетската книга „Избор, Порта на животот“ од ромскиот поет Јусуф Сулејман

Latest from Blog

Намалена видливост поради магла кај Ресен и Удово

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла до 50 метри има кај Ресен и Удово, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор

Љубовницата од концертот на Колдплеј ѝ се нафрли на Гвинет Палтроу (ВИДЕО)

Кабот, чиј приватен и деловен живот е нарушен по виралниот инцидент со таканаречената „камера за бакнување“ на концертот на „Колдплеј“, ја нарече актерката лицемерка. „Како се осмелува?“ Во серија нови интервјуа, Кабот

(Видео) Сепак постојат: Прв пат снимена ЦЕРЕМОНИЈА НА ИЛУМИНАТИТЕ

Со години, Илуминатите ја пречекоруваа границата помеѓу митот и реалноста. Гласини, теории, шепотења и фрагментарни сведоштва сочинуваа темен мозаик, но внатрешноста никогаш не беше осветлена. Сè до денес, објавува Прототема. Во новата

Домашно реми на Валенсија против Мајорка

Тимот на Валенсија, за кој денеска Столе Димитриевски не беше ниту на клупата за резерви предмалку пред своите гледачи во рамките од новото коло од шпанската Примера одигра нерешено 1:1. Домаќинот имаше

Андоновски: Првпат ќе промовираме владин центар за одговор на сајбер инциденти

Владин центар за одговор на сајбер инциденти ќе биде промовира во првата половина од наредната година, најави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. -За многу скоро. Веќе завршуваме со дел од
Go toTop