Тухел удри по навивачите: Какви навивачи се тоа кога половина час ги слушавме само Велшаните!?

October 10, 2025
1 min read
фото: Fearless In Devotion | WREXHAM AFC podcast (X)

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Томас Тухел ги критикуваше англиските навивачи за нивната недоволна поддршка на вчерашниот контролен натпревар со Велс. Англичаните одиграа фантастично прво полувреме и со три брзи гола дојдоа до победата (3:0).

„Имавме ден и половина да се подготвиме за натпреварот против добро организиран тим и се покажавме многу добро. Можевме да водиме со 5-0 на полувреме. Но, ги промашивме четвртиот и петтиот гол“, изјави Тухел за мечот.

„На стадионот владееше тишина. Не добивме никаква енергија од трибините. Направивме сè што можевме за да победиме, а не добивме ништо за возврат. Ако се што можете да чуете половина час се навивачите на Велс, тоа е тажно бидејќи тимот денес заслужуваше повеќе од тие кои беа на трибините на ‘Вембли’“, рече селекторот на Англија во интервју по мечот.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Реките на Македонија: Спиечки џин за енергетска стабилност

Следно

Ѓорѓиевски: Жителите на Расадник наскоро ќе добијат современа поликлиника

Latest from Blog

Ѓорѓиевски присуствуваше на одбележувањето на Денот на МАНУ

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес присуствуваше на одбележувањето на Денот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на покана на претседателот академик Живко Попов. Ѓорѓиевски изрази чест

Научниците проучуваат ретка, „одметната“ планета, 5 – 10 пати поголема од Јупитер

Исто како што Земјата орбитира околу Сонцето, повеќето планети во и вон нашиот Сончев Систем имаат своја ѕвезда-домаќин. Некои, пак, таканаречени „одметнати“ планети немаат своја ѕвезда – и, малку се знае за
Go toTop