Screenshot

Цветановски за Република: Изјавите на Кадриу го потврдуваат она што се случувало во СЈО, притисокот врз мене почна по предметот „Бонусите“

February 13, 2026
1 min read

Изјавите на поранешната обвинителка Лејла Кадриу за случувањата во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) не се изненадување за правосудната фела, вели вишиот јавен обвинител Јован Цветановски во интервју за „Република“. Според него, нејзините наводи претставуваат потврда на она што, како што истакнува, подолго време се шпекулирало за работењето на СЈО.

Цветановски наведува дека како обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје имал увид во повеќе предмети на СЈО во жалбена постапка, при што констатирал бројни процесни пропусти. Меѓу нив посочува обвиненија со слаб доказен материјал и потпирање на незаконски прислушувани материјали, што, како што тврди, било презентирано и пред Апелациониот суд, а за тоа биле изготвени и службени материјали доставени до Републичкото јавно обвинителство.

Во однос на притисоците, Цветановски вели дека тие не биле насочени кон обвинителите кои ги презеле предметите по затворањето на СЈО, бидејќи најголем дел од нив биле исти обвинители. Според него, институционалниот притисок бил насочен лично кон него поради укажувањата за квалитетот на предметите и одбивањето, како што вели, да ги „остави на заборав“.

Тој додава дека наместо институционална поддршка, против него бил покренат, како што го нарекува, „монтиран процес“ што трае повеќе од една година, со цел негова дискредитација и отстранување од обвинителската работа.

Цветановски ја критикува и постапката за надзор над неговата работа, наведувајќи дека надзорот го вршела обвинителка од СЈО која, според него, имала директен интерес во предметите, особено во делот за доделувањето на таканаречените бонуси за тајност и во случајот „Поштенски банки“. Тој оценува дека таквиот надзор бил компромитиран поради можен судир на интереси.

Во врска со бонусите во СЈО, Цветановски тврди дека токму предметот „Бонусите“ бил почеток на институционалниот притисок врз него, со, како што наведува, цел негова компромитација и трајно отстранување. Тој посочува дека за законитоста на бонусите може да се заклучи од решението на Вишото јавно обвинителство Скопје со кое било укинато решение на ОЈО за ГОКК за отфрлање на кривични пријави против обвинители од СЈО.

Како заклучок, Цветановски смета дека по згаснувањето на СЈО требало да се направи целосна ревизија на сите предмети и административното работење, што, според него, не било сторено. Тој додава дека таква ревизија сè уште е можна и би требало да ја спроведе новиот државен јавен обвинител, со цел да се обезбеди правна сигурност и неселективна правда.

Тој нагласува дека улогата на обвинителството е да гарантира владеење на правото и правна сигурност за граѓаните, а не да создава правна несигурност

Целиот текст можете да го прочитате на republika.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Морничава теорија за тоа зошто Епштајн толку често во мејловите одговарал со „упс“

Следно

Раичевиќ за 24 Анализа: Ако станам државен ЈО ќе ги расчистам „Бонусите на СЈО“

Latest from Blog

Голо Брдо се празни: Масовно иселување од Требиште

Административната единица Требиште, дел од општина Булќиза во областа Голо Брдо, некогаш претставувала силна и бројна со околу 700 семејства, по масовното иселување што започнало по 1990-тите години. Жителите што сè уште

Пожар во Будимпешта по експлозија во хотел: Има загинати и повредени

Смртоносен пожар избувна рано утринава во хотел во унгарската престолнина Будимпешта, при што има загинати лица, а повеќе од дваесет се повредени, дел од нив во тешка состојба. Пожарот зафатил двокатна зграда

Раичевиќ за 24 Анализа: Ако станам државен ЈО ќе ги расчистам „Бонусите на СЈО“

Ако станам државен ЈО ќе направам надзор над затворената постапка за “Бонусите на СЈО” , порача во 24 анализа кандидатката за државен јавен обвинител Лидија Раичевиќ. Раичевиќ тврди дека пиради јавносѕа ОЈО

Морничава теорија за тоа зошто Епштајн толку често во мејловите одговарал со „упс“

Анализирајќи ги шокантните тврдења и електронската пошта од објавените досиеја, набљудувачите претходно забележаа дека зборови како „пица“ и „сладолед“ се споменуваат невообичаено често и надвор од контекст, поттикнувајќи шпекулации за нивно скриено

Без струја и вода делови од Скопје

Без струја денеска од 9 до 15 часот ќе останат дел од улиците Тиквешка, Нов Живот, „Индира Гранди“, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Злетовска, Слан Дол, „Хаџи Јован Шишков“ во Општина Шуто
Go toTop