ЦУК: Се излеа Вардар, има одрони, евакуирани се околу 60 лица во Кичево

January 7, 2026
1 min read

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, заедно со дежурните екипи на бројот за итни повици 112 и Секторот за операции, континуирано ја следи состојбата по обилните врнежи низ државата. Од ЦУК апелираат до граѓаните, доколку имаат потреба од помош или забележат проблеми, истите веднаш да ги пријават на телефонскиот број 112.

Според пријавите и реализираните интервенции заклучно со 21:00 часот на 7 јануари 2026 година, регистрирани се следните состојби:

На патниот правец Гостивар–Стража се евидентирани одрони, но сообраќајот се одвива редовно, додека на правецот Тетово–Бањиче има одрони покрај коловозот кои го отежнуваат сообраќајот. Кај таканаречениот „Цртан ѕид“ на истиот патен правец регистрирани се свлечишта и одрони, кои се расчистени со багер и патот е соодветно обележан.

Во селото Балин Дол е забележано излевање на реката Вардар, при што се поплавени околу 10 земјоделски парцели и неколку дворови. Поради состојбата, ХЕЦ Маврово го намалило производството на електрична енергија. Во селата Мало Турчане и Горно Бањице се излеале Лукавичка и Сушичка Река, при што е поплавено земјоделско земјиште, а општината не располага со соодветна механизација. Во селото Форино паднато дрво во коритото на Вардар претставува ризик од поплава, поради што екипа со моторна пила е испратена на терен.

Во Битола и околината, во селото Лера е регистрирана поплава кај мостот со можност за проширување кон селото, додека во селото Породин е поплавена живинарска фарма. Во Општина Ресен, во селата Перово, Дремени и Долна Бела Црква, поплавени се дворови и земјоделски земјишта, иако реките не се излеале. Одронот кај селото Сирхан е отстранет.

На подрачјето на Охрид се пријавени поплавени подруми, гаражи и дворови, при што интервенирале јавните претпријатија и локалната самоуправа. Во Кичево, на улицата „Прилепска“, поплавени се повеќе станбени објекти, а евакуирани се околу 60 лица кои се сместени во спортската сала „Христо Узунов“.

На патниот правец Охрид–Пештани, кај хотелот „Гранит“, регистриран е одрон, но патот е прооден, а расчистувањето на поголемите наноси се очекува во наредните еден до два часа. Во Струга, на правците Татеши–Мислодежда и Дебар–Струга, во тек е расчистување на свлечишта и одрони.

Во Општина Боговиње, поради излевање на вода од канал поврзан со изградбата на автопатот, поплавено е обработливо земјоделско земјиште, при што нема загрозени станбени објекти.

Од ЦУК информираат дека сите надлежни служби се на терен и активно интервенираат за справување со последиците од обилните врнежи, а граѓаните се повикуваат на зголемена внимателност и почитување на официјалните препораки и известувања.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски на терен: Итна интервенција по поплавите во Кравари

Следно

Децата ја наследуваат интелигенцијата од мајката

Latest from Blog

„Стентон градба“ ги реновираше хируршките сали во УКЦ „Мајка Тереза“ – новите капацитети веќе работат

Компанијата „Стентон градба“ од Битола успешно го заврши проектот за реконструкција и реновирање на операционите сали на хируршките клиники во ЈЗУ УКЦ „Мајка Тереза“ – Скопје, реализиран по принципот „клуч на рака“.

Захарова: Не е вистина дека руските и иранските хакери се здружиле

„Тврдењата за некаков заеднички напор од страна на руските и иранските хакери се уште една лага на режимот во Киев и терористичката организација во Киев“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи

Комуналец Прилеп: Подготвени гробиштата за празниците, воведен нов режим на движење

ЈКП Комуналец Прилеп информира дека комуналните служби извршиле комплетно косење на зелените површини на Старите и Новите градски гробишта, како и темелно чистење на асфалтните и пристапните патеки, ободните канали, контејнерите и
Go toTop