ЦУК: Огромен пожар избувна во близина на Струга кај с.Октиси

August 13, 2025
1 min read

Во близина на селото Октиси, на локацијата Октишка Краста, денеска избувна пожар од поголеми размери кој претставува потенцијална закана за имотот на жителите, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

На терен се екипите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струга, заедно со дел од месното население. Според проценката на командирот на ТППЕ Струга, пожарот се шири на непристапен и специфичен терен, што го прави гаснењето од копно речиси невозможно.

Поради тоа, по барање на градоначалникот на Струга, испратено е официјално барање за ангажирање на авион. Дирекцијата за заштита и спасување веќе испрати „ер трактор“ кој е на пат кон местото на пожарот.

ЦУК информира дека до 12 часот денеска низ земјава се регистрирани седум пожари на отворен простор – три активни, три изгаснати и еден под контрола. Активни се пожарите во Општина Македонски Брод (Повеќенаменско подрачје „Јасен“), Општина Струга (Октишка краста) и Општина Могила (атар на с. Могила). Под контрола е пожарот во Општина Сарај, од с. Радуша кон с. Дворце, а изгаснати се пожарите во с. Челопеци (Општина Кичево), с. Крапа (Општина Македонски Брод) и во атарот на с. Нерав, место викано „Биљино“ (Општина Крива Паланка).

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МБИ10 речиси рамномерен (+0,01 %) при промет од 4,8 млн. денари

Следно

16. МАКЕДОКС ОТВОРА СО „САМО НА ЗЕМЈАТА“, ЌЕ ИМА 75 ДОКУМЕНТАРЦИ И 100 СТРАНСКИ ГОСТИ

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop