ЦУК: Обилните врнежи од дожд предизвикаа одрони, свлечишта и поплави на повеќе места во државава

January 10, 2026
2 mins read

Како последица на обилните врнежи од дожд, денеска до 12:30 часот се регистрирани одрони, свлечишта и локални поплави во повеќе региони низ државата, информираат од Центарот за управување со кризи.

Во Штип поради претходните врнежи зачестени се одроните од камења и свлечишта на коловозите, поради што се апелира на зголемена внимателност при сообраќајот.

Во Скопскиот регион, како што информираат од ЦУК, нема нарушување на редовната состојба поврзана со обилните врнежи од дожд.

Во Охрид до 12:30 часот нема пријави за поплавени објекти. Дождот е престанат, а екипите на Кризниот штаб извршиле теренска проверка на критичните точки на реката Далјан кај селата Орман и Дебелополе. Регистрирано е излевање на реката Сушица во делот на улицата „Прилепска“, каде што интервенира ЈП „Нискоградба“ со механизација за спречување на понатамошно излевање. Надлежните предупредуваат дека доколку продолжат врнежите, постои опасност од излевање на реката Далјан кај Косел и селото Вапила.

Во Струга се поплавени дворови на 4-ти Реон кај Мислешевски пат. Надојдената вода од Струшкото поле ги поплавила дворовите каде што има канали за излевање на водите од Струшкото поле. Известени се надлежните служби од Општина Струга, ТППЕ-Струга, РЦУК-Струга и ДЗС-Струга. Екипа на ТППЕ-Струга се на терен и со пумпи за испумпување на поплавените дворови. На патот Дебар – Струга има одрони, известени се службите на Македонијапат – Дебар кои се на терен и го одржуваат патот.

На подрачјето на Велешкиот регион, како што велат од ЦУК, нема нарушување на редовната состојба поврзана со врнежите од дожд и снег.

Во Битолскиот регион, поточно во градското подрачје состојбата е нормализирана и е без проблеми. Во селото Кравари има заезерени земјоделски површини околу 10 до 20  хектари, но нема опасност по куќите и индустриските објекти. Во селата Жабени и  Породин има поплавени земјоделски површини од околу 70 до 80  хектари. Излеана е Елешка Река и има поплавено околу 50  хектари земјоделски површини. Водата во Елешка Река се повлекува во коритото. Патот за Буковски манастир е разорно раскопан. ЈП,,Нискоградба“ интервенира со 1 липкер и скип – градежна машина. Интервенира  ЈП,,Нискоградба“ на патот од село Буково кон село Горно Ореово, каде што има свлечиште. Поради оштетување на мост од Боишка река на локален пат за село Мренога, истиот е затворен за сообраќај. Заради поројнитете врнежи во изминатите денови дојде до поматување на водата за пиење и се препорачува истата да се преврива најмалку 10 минути.

Нивото на Црна Река кај селото Бучин е покачено, но стабилно и без опасност од излевање, при што насипите се дополнително зајакнати.

Од ЦУК информираат дека во текот на следната недела ЕЛС Крушево ќе формира комисија за пријавување на штети како последица од поројните врнежи од дожд.

ЕЛС Долнени до сега има пријавено штета од еден жител на село Лажани на кого му бил поплавен дворот и приземни простории од куќата, и имал оштетувања и на тутунот. Покрај во село Лажани поплавувања имало и во село Пешталево, и на двете места заради неисчистени канали. Интервенирано е со градежна машина во двете села на расчистување на каналите.

Во Ресенскиот регион, поплавени се земјоделски површини, дворови, куќи и магацини за складирање јаболка. Нивото на Голема Река е зголемено од 1,40 на 1,65 метри, а сите расположливи машини и пумпи се ангажирани за испумпување на водата.

На територијата на Струмица засега нема пријави за направени штети од врнежите од дожд. Во моментот врнежите се со послаб интензитет и засега нема опасност од излевање на реките. Исто така засега нема пријави за одрони и непроодни патишта.

На територија на Општина Куманово, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане нема нарушување на редовната состојба од врнежите од дожд и нема излевање на реките. На подрачјето на Крива Паланка, Ранковце и Кратово нема нарушување на редовната состојба, сите патни правци се проодни по влажни коловози.

Во Тетово до 12 часот во северозападниот регион што ги опфаќа Тетово и Гостивар нема пријава за штети, информираат од ЦУК.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Снегот се чисти редовно, сите патишта се безбедни за сообраќај

Следно

Први разговори лице в лице меѓу Солскјер и Манчестер Јунајтед

Latest from Blog

Македонско друштво „Илинден“ – Тирана против затворањето на матичната канцеларија во Острени, Голо Брдо

Македонско друштво “Илинден“-Тирана се спротивставува на затворањето на матичната канцелариа во административната единица Острени, областа Голо Брдо. Преместувањето на матичната служба од административната единица Острени во општина Булќиза ги принудува жителите на

Пратениците ќе расправаат за законски измени за платите на функционерите, судиите, обвинителите

Собранието денеска треба да ја одржи 89 седница. На дневен ред на седницата се предлогот за именување на претседател и членови на Регулаторната комисија за домување, предлог одлуките за објавување јавен оглас

МАКЕДОНИЈА ГЛАСАШЕ ЗА: Усвоена резолуција која повикува на мир во Украина

Генералното собрание на Обединети нации денеска усвои резолуција, со која се повикува на сеопфатен, праведен и траен мир во Украина. Резолуцијата ја поднесе Украина со повеќе од 45 држави коспонзори, а усвоена
Go toTop