ЦУК: Нов пожар кај Демир Хисар, оној кај Богданци е локализиран но се појавуваат жаришта

August 4, 2023
1 min read

Центарот за управување со кризи информира за нов пожар што избувнал кај Демир Хисар. Пожарот кај Богданци, пак, е ставен под контрола но и натаму се појавуваат жаришта. Вчера имало вкупно 23 пожари на отворен простор

Фото: ЦУК

Нов пожар избувна во Демир Хисарско, во близина на селото Сопотница, информира Центарот за управување со крици (ЦУК). Оттаму додаваат дека постои опасност да биде зафатена зимзелена шума.

„Гори сува трева но постои опасност пожарот да се прошири кон блиската зимзелена шума.
Пожарот брзо беше изгаснат но повторно се разгоре и пак беше изгаснат. Екипа на ТППЕ Демир Хисар превентивно останува на лице место“,

вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Фото: ЦУК

Од ЦУК информираат и дека пожарот кај Богданци е ставен под контрола и е локализиран, но сè уште се појавуваат жаришта на кои со брза интервенција на пожарникарите не им се дозволува да се прошират.

„На терен се 62 лица, има пожарникари со теренски ПП возила од ТППЕ Гевгелија, Валандово, Кавадарци и Штип, пожарникари од доброволните ПП друштва од Валандово и Дојран како и тимови на ДЗС и Национални шуми и од Јавното комунално претпријатие од Богданци. Во овој момент нема потреба од воздушна подршка“,

вели Ангелов.

Фото: ЦУК

Вчера имало вкупно 23 пожари на отворен простор. Еден, кај Богданци, сè уште е активен, а 22 се целосно изгаснати. На територијата на Скопје и на Куманово имало по пет пожари, во Гостивар, Кичево и Стумица по два, а во Велес, Кавадарци, Дојран, Кочани, Делчево и Тетово по еден пожар. Во 19 пожари горела ниска вегетација, а во четири ниска шума.

„Затоа апелирам до сите македонски граѓани да бидат исклучително внимателни да не предизвикаат пожар! Палење оган и скара на отворено, палење стрништа и пасишта, фрлање отпушоци или работа со алат кој искри за миг може да предизвика пожар. И најмалиот пожар за миг може да излезе од контрола и неколку стотици метри или неколку километри подалеку може да убие човек или да нанесе огромна материјална штета“,

апелира Ангелов.

Ангелов упати благодарност до, како што вели, исклучително професионалните и храбри пилоти на Ер Тракторите и хеликоптерите, како и до храбрите македонски пожарникари од територијалните противпожарни единици, доброволните противпожарни друштва, екипите на ДЗС и Национални Шуми и градоначалниците, како и вработените во ЦУК кои ги координираат сите набројани единици и ресурси.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дали Кремљ ќе го дофати и нигерскиот ураниум?

Следно

Мбапе одбил уште еден клуб, се појасно е дека Французинот го чека Реал Мадрид

Latest from Blog

Загина македонски државјанин во сообраќајна несреќа кај српско-унгарската граница

Трагична сообраќајна несреќа се случи утринава околу 05:15 часот на автопатот кај Хоргош, во близина на границата меѓу Србија и Унгарија, каде што животот го загуби државјанин на Македонија, а друг македонски

Костадинов се јави, повторно: Не, јас не одам како кандидат, јас се повлекувам во тишина

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук објави дека нема да се кандидира на претстојните локални избори, и покрај, како што вели, убедливо водство на сите

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина остро ги осуди плановите на властите во Република Српска (РС) за формирање резервен состав на ентитетската полиција, предупредувајќи дека таквиот потег води кон ескалација

Костадинов нема да се кандидира како независен во Струмица

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадинов нема да се кандидира како независен кандидат за Струмица, откако лидерот на СДСМ Венко Филипче објави дела партијата ќе застане зад Марјан Даскаловски. Костадинов пишува дека нема

Чистка во Манчестер Јунајтед, пет играчи заминуваат

Пет играчи на Манчестер Јунајтед добија информација од клубот да не доаѓаат на почетокот на подготовките во понеделник. На листата се наоѓаат: Алехандро Гарначо, Маркус Рашфорд, Антони, Џејдон Санчо и Тајрел Маласиа.
Go toTop