Црвениот крст револтиран поради начинот на кој се ослободени палестинските затвореници од страна на Израел

February 1, 2025
1 min read

ЕРУСАЛИМ (АА) – Црвениот крст реагираше поради односот на Израел кон палестинските затвореници при нивното ослободување од затворот Негев, известува Анадолу.

Официјални лица на Меѓународниот комитет на Црвениот крст изразија гнев поради односот на израелската затворска управа кон палестинските затвореници за време на нивното ослободување од затворот Негев, објави англиското издание на весникот Хаарец, цитирајќи неименуван безбедносен извор.

Во веста се нагласува дека жалната состојба на палестинските затвореници со раце врзани со лисици зад главите, предизвикала реакција кај преставниците на Црвениот крст.

Во своите први изјави, ослободените палестински затвореници изјавија дека израелската влада пред нивното ослободување ги оставила гладни и биле претепани.

Во четвртиот круг размена на затвореници меѓу Хамас и Израел, се ослободени 183 палестински затвореници од израелските затвори во замена за тројца израелски заробеници цивили во Појасот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Во следниот период ќе работиме на реализација на комерцијални станови

Следно

УЈП: Големите маркети вчера со намален промет за 46,59 отсто во споредба со минатиот петок

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните

Мерката и бројките што ги промовира Владата не се ништо друго освен фрлање песок во очите на граѓаните, нагласи заменичката претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашните вести на МРТ. Каранфилова
Go toTop