Црвен крст: Неприфатливо е цивилите да немаат безбедно место во Газа

December 4, 2023
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Претседателката на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (MKCK), Мирјана Шпољариќ, изјави дека е неприфатливо цивилите да немаат безбедно место на кое може да заминат во Газа и дека во моментов не е возможно да се изврши соодветен хуманитарен одговор поради моменталната воена опсада, јавува Анадолу.

Таа рече дека отишла во Појасот Газа за да ги унапреди напорите за ублажување на катастрофалните хуманитарни последици од тековните напади врз цивилите.

Шпољариќ истакна дека луѓето во Газа неверојатно страдаат.

„Неприфатливо е цивилите да немаат безбедно место каде може да заминат во Газа, а соодветната хуманитарна интервенција во моментов не е можна поради воената опсада. Длабоко сум загрижена за тешката ситуација на цивилите“, рече Шпољариќ.

Таа нагласи дека треба да се овозможи непречен и редовен проток на помош за Газа. Повика на ослободување на заложниците и на MKCK да му се дозволи безбедно да ги посети.

Шпољариќ го повтори повикот за заштита на цивилите во Појасот Газа.

Најмалку 509 Палестинци се убиени, а 1.316 се повредени од петокот во израелските воздушни напади, соопшти Министерството за здравство на Газа.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Бројот на загинати од израелските напади врз Појасот Газа се искачи на 15.523 од почетокот на конфликтот на 7 октомври, соопшти во неделата Министерството за здравство во опколената палестинска енклава.

Бројот на ранети во истиот период се зголеми на 41.316.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Mицкоски: Постигнавме согласност по три точки

Следно

Ковачевски: Договоривме датуми за редовните избори, европскиот пат е почнат и сега е момент да се постапи правилно, иницираме Европски фронт!

Latest from Blog

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата
Go toTop