Цени на храна: Ако нема намалување, ќе играат казни, најави Мицкоски

December 25, 2024
1 min read

Од воодушевеност, до разочараност во само пет дена. На 15 декември почна, на 20 се сликаа задоволни дека се е во ред, а на 24 декември епилогот е премиерот Христијан Мицкоски да биде разочаран и изнервиран што трговците ја измамиле Владата и граѓаните со „Новогодишната кошница“. Оваа акција требаше да биде синоним за добра соработка меѓу Владата и бизнис заедницата, но се претвори во настан каде од една страна поевтинија некои производи, а од друга трговците ги напумпаа цените на останатите животни продукти кои не се дел од кошничката. По вчерашните и денешни остри реакции на Мицкоски, министерот за економија Бесар Дурмиши најави остри мерки кон маркетите, дистрибутерите и производителите кои биле нечесни. Заканите Дурмиши ги упати сам, без вообичаено да бидат до него заменикот и првиот човек на Државниот пазарен инспекторат.

„Доколку продолжат со овакво однесување трговците, како што и најавивме, ќе донесеме поригорозни мерки како што е замрзување на маржите или на цените. Државната пазарна инспекторија е на терен. Според податоците што ги земевме овие 10 дена и од секторот внатре, видовме дека тие производи што не се ставени во „Новогодишната кошница“, цената на тие производи растела“, изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Премиерот Мицкоски и денеска остар и ја дополни заканата на Дурмиши дека владата има и други мерки освен замрзнување на цените и на маржите. Но, беше таинствен како би дејствувале.

„Има и други мерки… Кои се тие мерки, може да ни кажете? Ќе бидат граѓаните сведоци, јавноста, во периодот кој што следи“, изјави премиерот Христијан Мицкоски,

За лидерот на опозицијата Венко Филипче, била очекувана измамата со „Новогодишната кошница“ бидејќи премиерот Мицскоски е потчинет и слугува на своите големи бизнис партнери, во случајов и на големите трговци.

„Премиерот лично дозволи трговците да печатат на маката на луѓето. Го слушаме вчера, вели срамота било тоа што го правеле трговците. А токму тој тоа им го дозволи, со недели да ги качуваат цените и молчеше додека сите ние алармираме“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Инаку, Дурмиши и Владата дури сега увидоа дека поскапеа маслото, лебот, млекото, млечни производи, шеќерот, солта и друго, иако уште на 16 декември, еден ден откако почна „Новогодишната кошница“ беа предупредени од ТВ21 дека инфлацијата во ноември е 4,3 отсто во споредба со истиот месец лани, а кај храната и безалкохолните пијалаци поскапувањето е дури за 5,7 насто поголемо. Овие податоци се од Државниот завод за статистика и и беа познати на Владата. Поскапувањето исто така може јасно да се види и од податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија каде вистинскиот бум на повисоки цени не е во октомври, веднаш по одмрзнување на маржите на 30 септември, туку во ноември, кога се знаеше за „Новогодишната кошница“.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Добрила Грашеска испеа македонска песна за Божик и една љубовна за грчкото Фолкрадио

Следно

Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Кичево – Гостивар, преку Стража

Latest from Blog

Луѓето се поверни од шимпанзата, но не се најмоногамни битија, еве кој ги надминува

Во романтичниот живот, се чини, дека повеќе наликуваме на овие дружељубиви мунгоси отколку на нашите најблиски роднини, примати, сугерира рангирањето на најмоногамните видови кои го направиле група научници. Луѓето не се најверни

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата
Go toTop