Царинска управа: Кривична пријава за криумчарење пиротехника – запленети и цигари и фалсификувана стока

July 30, 2025
1 min read

Кривична пријава е поднесена за македонски државјанин кој се обидел да криумчари пиротехнички средства за огномети – експлозивна материја чија употреба подлежи на дозволи и е строго регулирана. Случајот е откриен на влез во државата на граничен премин Табановце при извршен претрес на возило со германски регистарски таблички коешто го управувало лицето. При преглед на стоката сместена во багажниот простор, во црна голема торба на дното, помеѓу алишта, е пронајдена непријавена кутија со пиротехнички материјал, во која се наоѓаат три системи со 195 патрони за огномет со вкупна маса од 450 грама експлозив.

Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, од каде што е поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство против сторителот, за сторено кривично дело – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Царински службеници и инспектори од Службата за мобилни скенери, спречија низа обиди за шверц на граничниот премин Табановце. При акциите запленети се значителна количина облека, долна облека, патики, автоделови, материјал за текстилна индустрија, како и клима уреди.

Мобилни царински тимови спречија обиди за нелегален изнес на девизи и стока со ознаки на заштитени трговски марки. Запленети се 10 илјади евра, како и 325 детски комплети, ѕидни часовници, 6 огледала и 16 маси:

– На граничен премин Табановце, при личен претрес на македонски државјанин кој патувал со автобус откриени се 12 илјади евра. Лицето се обидело нелегално да ги изнесе девизите, при што му се вратени две илјади евра, а преостанатите 10 илјади евра се привремено задржани, согласно законските прописи.

– 325 детски комплети со ознаки на заштитени трговски марки, се запленети поради сомневање за сторено дело повреда на права од интелектуална сопственост. Случајот е откриен при контрола на товарно возило натоварено со стока од Турција наменета за фирма од Косово, пријавено за излез од државата на граничниот премин Блаце.

– При контрола на камион со контејнер натоварен со стока од Кина, на влез во државата на граничниот премин Богородица, откриени се 25 ѕидни часовници, 6 огледала и 16 маси со ознаки на заштитени трговски марки. Производите се запленети поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост.

Царински службеници на граничниот премин Богородица запленија 36 штеки цигари, откриени при контрола на автобус што сообраќал на релација Истанбул – Скопје. Стоката била скриена фабричка празнина под подот, пред задните седишта на автобус со турски регистарски ознаки, управуван од државјанин на Турција.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Левица: Каква нечовечност од Владата-Шабан Салиу и по трагедијата во Кочани, сè уште е министер

Следно

Малта ќе ја признае државата Палестина во септември

Latest from Blog

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер
Go toTop