Цариниците излегуваат на предупредувачки протест в петок, најавуваат и можно затворање на границите

June 14, 2023
1 min read

Доколку вработените во Царината не наидат на слух од надлежните институции во врска со нивните барања за исплата на додаток на плата, тие ќе ги радикализираат протестите, а една од опциите за кои веќе размислуваат е затворање на граничните премини

Вработените во Царинската управа не ги интересира кој е нов, а кој стар директор – тие в петок ќе излезат на предупредувачки протест бидејќи со години наназад не го добиваат она што им следува согласно закон и Колективниот договор, а тоа е исплата на додаток од 30 отсто од платата.

Ова на прес-конференција денеска го изјави претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, најавувајќи го претстојниот предупредувачки протест на вработените во оваа институција.

„Видовме дека министерот за финансии си обезбеди 30 проценти покачување на плати во МФ и во други институции, меѓутоа иако вработените во Царина имаат право на овој додаток, никогаш не го добивале“,

рече Деаноски на денешната прес-конференција.

Деаноски нагласи дека вработените во Царинската управа го полнат државниот буџет со повеќе од 51 отсто секоја година, а за тоа, како што додаде, не добиваат никакво покачување на платите со години, ниту, пак, го добиваат додатокот на плата кој им следува.

„Знаеме дека има нов директор, чекаме да дојде. Чекаме прием кај него за да видиме дали ќе ги сослуша нашите барања бидејќи тие не се нови и не се откажуваме од нив. Не нè интересира дали имаме нов или стар директор“,

додаде првиот човек на Синдикатот на УПОЗ.

Доколку цариниците не наидат на слух од надлежните институции во врска со нивните барања, тие ќе ги радикализираат протестите, а една од опциите за кои веќе размислуваат е затворање на граничните премини.

Протестот на цариниците, предупреди Деаноски, е прв во низата протести што ќе следуваат во наредниот период во други институции и со што ќе се реализира, како што рече, најавуваното жешко синдикално лето.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дигитална робија на дело

Следно

Сијарто: Унгарија и Туркије „реципрочно“ ќе се информираат за чекорите за кандидатурата на Шведска за НАТО

Latest from Blog

Спалети: Ни недостасува зрелост во играта

Екипата на Јувентус синоќа направи нок кикс во домашниот Серија А шампионат, откако одигра на домашен терен само 1:1, против екипата на Сасуоло. Иако поведе на време уште во 14. минута преку

Николоски: Прво туристичко вештачко езеро за Штип и источниот регион

Штип и источниот дел на Македонија ќе добијат прво туристичко вештачко езеро, кое се очекува да биде завршено до 2027 година, пред предвидениот рок, истакна Александар Николоски. Изградбата на браната на реката

Битола веќе на терен – инфраструктурни проекти пред официјалната градежна сезона

Општина Битола објави промотивно видео со кое ја најавува засилената градежна активност, уште пред официјалниот старт на пролетната сезона. Од општината посочуваат дека иако градежната сезона традиционално се поврзува со потоплите пролетни

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е
Go toTop