Трпчевска: Патот до Матка личи на швајцарско сирење – полн е со дупки! Туристите ни се смеат!

May 8, 2025
1 min read

Туристичкиот водич Елена Трпчевска во емисијата „Јави се“ на ТВ21 истакна дека туристите ни се смеат за патот кој води кон убавиот кањон Матка.

„Имаме големи туристички тури кои секојдневно доаѓаат од Турција – по десет автобуси дневно доаѓаат да ја посетат Матка. Но, за жал, државата ја претставуваме многу лошо. Патот до Матка личи на швајцарско сирење – полн е со дупки. Нема јавни тоалети, нема доволно паркинг места – ниту за автобусите, ниту за автомобилите на туристите кои доаѓаат индивидуално“, вели Трпчевска.

Таа додава дека не постои никаква организација на просторот.

„Никаква мерка ниту да се организира целиот простор тука, каде што може да се наплаќа од туристите тука и да се има пари да се среди патот. Да има лица кои ќе го организираат движењето и паркирањето. Туристите гледаат и се смеат, вакво туристичко место со ваков пат… срамота“, додава Трпчевска.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владата манипулира со јавниот долг – Растат процентите ама не и БДП

Следно

Трамп: САД и Велика Британија постигнаа епохален трговски договор

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop