Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

May 6, 2024
3 mins read

Утре 7 ми мај гласа македонската дијаспора на вториот круг од Претседателските избори 2024 година односно за двајцата кандидати кои го поминаа првиот круг и тоа кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски и на ВМРО ДПМЕ, Гордана Сиљановска Давкова.

Еден или неколку денови претходно во зависност во која дестинација на светот треба да ги спроведуваат изборите, заминаа членовите на избирачките одбори.
На годинешните избори летот за странство го имаат вкупно 191 член на одборите за дијаспората.

Според законот претседателот и неговиот заменик се бираат од редот на вработените во Дипломатско конзуларните претставништва (ДКП) додека останатите членови се на предлог на партиите од власта и опозицијата кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови.

И покрај тоа што Радио Слободна Европа ги бараше имињата на членовите кои ги спроведуваат изборите во дијаспората, од Државната изборна комисија (ДИК)не ги откриваат. Имињата не можат да се најдат ниту на сајтот на ДИК и покрај тоа што постои табеларен приказ кој стои празен.

Од комисијата за РСЕ само велат дека од буџетот вкупно за гласањето во странство се предвидени 50 милиони денари или околу 800 илјади евра.

„ Согласно јавната набавка за транспорт и сместување на членовите на избирачките одбори во ДКП за изборите 2024, предвидени се средства за реализација во висина од 50 милиони денари. Напоменуваме дека ова е предвидена сума, додека точно потрошените средства за оваа намена ќе се знаат по завршување на изборите со оглед на фактот дека во некои држави гласањето нема да се спроведува“, се вели во одговорот од ДИК.

Во вкупно 31 конзуларно преставништво се пријавени вкупно 2 569 гласачи од Северна Македонија кои живеат во странство. Во првиот круг гласаа помалку од половина или 1.017 што значеше 39,6% излезност.

Од вкупно важечките гласачки ливчиња 1005 најголем број на гласови освои кандидатката Гордана Сиљановска Давкова и тоа 369 додека Стево Пендаровски беше втор со 175 гласови.

Атрактивни дестинации со малку гласачи и уште пониска излезност

Францускиот главен град Париз, меѓу туристите познат и како градот на светлината и љубовта е едно од 31 избирачки места во кои гласа македонската дијаспора. Таму се пријавиле вкупно 44 македонски државјани кои сакале да гласаат за иден Претседател на Северна Македонија. Но, на 26 април во гласачките кутии во конзулатот имало само 11 ливчиња или излезност од 25 проценти. Триесет и тројца граѓани одлучиле да не гласаат и покрај тоа што се пријавиле.

Во далечниот кинески Пекинг состојбата била уште „поинтересна“. Се пријавиле да гласаат само 12 македонски државјани, а своето право на глас од нив го искористиле 9. Со ова излезноста таму била високи 75%, но од вкупно деветте ливчиња во кутијата, едно било неважечко.

Освен на овие дестинации избирачки одбори веќе се заминати или пак ќе заминат и за вториот круг на претседателските избори и во егзотичниот арапски Абу Даби каде се пријавиле 26 гласачи, австралиските Мелбурн (64) и Камбера (31), прекуокеанските Торонто, Вашингтон, Чикаго, Њујорк и Детроид.

Утре се гласа и во европските Венеција, Рим, Стокхолм, Брисел, Загреб, Виена… И покрај далечината на некои места сепак сите имале и повратни авионски билети.

„Државната изборна комисија не организира ниту финансиски покрива престој на избирачките одбори во периодот меѓу двата круга на претседателските избори, туку ангажираните лица се враќаат назад веднаш по завршување на изборниот ден согласно временската зона“, велат од ДИК.

Колкав надоместок земаат овие луѓе не се открива, освен дека тоа е регулирано со Правилник и сумата е иста со онаа на избирачките одбори во Северна Македонија. Сепак освен ова членовите на комисиите кои заминаа во странство земаат и дневници регулирани во зависност од земјата во која се наоѓаат.

Нема план за електронско гласање на дијаспората

За да се организираат избори во дипломатско конзуларните претставништва потребно беше да се пријавени најмалку десет избирачи. Овој услов беше исполнет во 31 преставништво, но за да се гласа и за Парламентарните избори додатно беше потребно да има пријавено најмалку 5 355 гласачи, во сите 52 ДКП. Ова не се случи па поради тоа дијаспората нема да учествува во изборот на идните пратеници.

Овој услов појаснија од ДИК е бидејќи пратениците се избираат во изборната единица во странство според пропорционалниот модел, односно мора да има еден вид на цензус.

Така за да биде избран пратеник од Изборната единица 7 треба да освои најмалку онолкав број на гласови колку што освоил пратеник со најмал број на гласови на територијата на државата на последните парламентарни избори.

За сега никој не го отвора прашањето дали би можело да се организира гласање по електронски пат. Од ДИК велат дека немаат ингеренции да предлагаат закони.

Во дел од европските земји дијаспората гласа или по електронски пат или по пошта и гласачкото ливче го испраќа до ДКП.

Во Северна Македонија во 2021 година се одржа попис, а за дијаспората беше активирана специјална апликација со која по електронски пат граѓаните се попишуваа. Значи, може, ако се сака.

Извор: Радио Слободна Европа

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Едeн загинат и тројца повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип – Кочани

Следно

Бројот на загинати во поплавите во Бразил се искачи на 78, обилните врнежи продолжуваат

Latest from Blog

Сиљановска Давкова се сретна со претседателот на Собранието на Црна Гора

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на официјалната посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ. На средбата беше изразено задоволство од

Стојановски: Приватните превозници го прифатија предлогот на советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, цената за километар да биде 100 денари!

Мартин Стојановски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, денеска истакна дека приватните превозници го прифатиле предлогот на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, а цената за километар ќе биде 100

Брисел: Креативните решенија мора да бидат усогласени со заклучоците на Советот

Работиме на изнаоѓање решение за Северна Македонија да оди напред во втората фаза од преговорите со ЕУ. Не сакаме Северна Македонија да биде оставена назад. Сепак, креативните решенија мора да бидат усогласени

Јакнење на македонско-британската соработка во делот на енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска остварила средба со британскиот комесар за трговија за Европа, Крис Бартон и со британскиот амбасадор во Северна Македонија, Метју Лосон. На средбата

Македонија со скок на новата ФИФА ранг-листа

Македонската фудбалска репрезентација забележа скок од две места на ФИФА ранг-листата. Во моментов сме на 67. место на ФИФА листата, со вкупно 1,368 поени. Ова е највисоката позиција на Македонија на ФИФА
Go toTop