Тројцата припадници на косовската полиција уапсени во Србија ќе се бранат од слобода

June 26, 2023
1 min read

Обвинението е потврдено, а притворот е укинат и ќе се бранат од слобода, вели адвокатот од Белград кој ги застапува уапсените косовски полицајци во Србија

Тројцата припадници на косовската полиција, кои беа уапсени на 14 јуни во Србија, се ослободени, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа.

Адвокатот од Белград, Градимир Налиќ, кој ги застапува уапсените косовски полицајци во Србија, потврди за РСЕ дека им е укинат притворот и дека, како што изјави, тие се ослободуваат.

„Обвинението е потврдено, а притворот е укинат и ќе се бранат од слобода“,

вели Налиќ и додаде дека полицајците се враќаат на Косово.

Тој додава и дека „во интерес на клиентите“ не може да каже ништо повеќе за овој случај.

Во соопштението што го пренесе РТС, се наведува дека по спроведената претходна постапка и покренато обвинение од страна на Вишото јавно обвинителство Краљево против осомничените Б. С., Р. З. и Ш. М. за кривичното дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи од Кривичниот законик, неистражниот совет на Вишиот суд во Краљево го потврдил обвинението против горенаведените обвинети и донел решение со кое на обвинетите им е укинат притворот.

По апсењето на косовските полицајци на 14 јуни, Приштина тврдеше дека полицајците биле киднапирани од територијата на Косово, а од Белград велеа дека биле уапсени на територијата на Србија.

Како што претходно соопштија српските власти, тие се осомничени дека сториле кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи, за кое е предвидена казна затвор до 12 години.

По апсењето следуваа бројни апели од меѓународната заедница за ослободување на полицајците. Албанскиот премиер Еди Рама посочи дека односите меѓу Албанија и Србија ќе се вратат на нула доколку Белград не ги ослободи тројцата косовски полицајци кои беа уапсени од српската полиција.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Северна Кореја: Корејскиот Полуостров на работ на нуклеарна војна

Следно

Проблемот со навивањето за Пригожин

Latest from Blog

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ
Go toTop