Тројцата израелски заложници држеле бели знамиња кога биле убиени од израелските воени сили

December 16, 2023
2 mins read

Инцидентот се случил во област на интензивни борби во близина на градот Газа, каде милитантите на Хамас оперираат во цивилна облека и користат тактики за измама

Тројцата заложници од Израел, Јотам Хаим, Алон Шамриз и Самер Талалка, кои вчера по грешка биле убиени од страна на израелската армија во Газа, во своите раце држеле бело знаме, се вели во извештајот од првичната истрага за инцидентот. Според она што го соопштуваат официјални израелски воени претставници, израелски војник видел како на десетина метри од него заложниците излегуваат од зграда во областа Шејаја.

„Сите биле без кошула и имале стап со бела крпа на него. Војникот се почувствувал загрозен и отворил оган. Викнал дека гледа терористи, по што војниците отвориле оган, а двајца од заложниците веднаш биле убиени, “,

објасни воениот претставник.

Третиот заложник бил ранет и се повлекол во блиската зграда каде што повикал помош на хебрејски, а командантот на баталјонот веднаш дал наредба за прекин на огнот, но војниците повторно  отвораат оган кон третото лице и тој е убиен, додаде воениот истражен претставник.

„Тоа е спротивно на нашите правила за работа“,

додаде тој.

Поради овој инцидент, од рано утринава стотици граѓани протестираа пред Министерството за одбрана во Тел Авив.

Демонстрантите носеа транспаренти и фотографии од околу 130 заложници, за кои Израел верува дека сѐ уште се заложници на Хамас во Појасот Газа и ја повикаа владата на Бенјамин Нетанјаху да обезбеди ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас.

Вчера, израелските одбранбени сили соопштија дека тројца израелски заложници во Газа по грешка биле идентификувани како закана и биле застрелани.

„За време на борбите во Шеџаја (во северна Газа), војската по грешка идентификуваше тројца израелски заложници како закана. Како резултат на тоа, војниците пукаа кон нив и тие беа убиени“,

рече портпаролот на израелската војска, Даниел Хагари.

Според него, претставниците на војската „претпоставуваат дека тројцата убиени Израелци или избегале или биле напуштени од терористите“ за време на тековните борби во Газа.

Тој рече дека не може веднаш да одговори дали тројцата мажи ги кренале рацете или им викале на војниците на хебрејски.

„Израелската војска нагласува дека ова е активна борбена зона во која се водат тековни борби во последните неколку дена. Веднаш се научени лекции од настанот, кои се пренесени на сите војници на терен“,

рече Хагари.

Според него, израелската војска изразува длабоко каење за трагичниот инцидент и на семејствата им упатува искрено сочувство.

„Нашата национална мисија е да ги лоцираме исчезнатите и да ги вратиме сите заложници дома“,

додаде тој.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, ја нарече смртта на тројцата израелски заложници „срцепарателна“.

Според него, американскиот претседател Џо Бајден е информиран од неговиот тим за национална безбедност за убиствата.

„Тоа е срцепарателно. Трагично е. Оваа вест излезе од Газа денес за заложниците кои биле убиени при спроведување на рација. Сакам да бидам внимателен овде да не зборувам за премногу специфики, бидејќи немаме совршена видливост за тоа како точно се одвивала оваа операција и како е направена оваа трагична грешка“,

изјави Кирби.

Верува оти Израел ќе испита како се случило ова, но одби да донесе „широка проценка за конкретната околност“.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Две млади лица и едно повозрасно лице вчера каснати од бездомни кучиња во Скопје

Следно

Шеикот Мешал именуван за нов емир на Кувајт

Latest from Blog

Лоши вести за Македонците со бугарски пасоши

Поранешниот градоначалник на село Рилци, Благоевградско – Живко Чукарски, ја призна вината и склучи спогодба со Окружното обвинителство во Благоевград за сторено документирано кривично дело поврзано со незаконско регистрирање на државјани од

Минчев: Платите во администрацијата се мали, но бараните 30 отсто додаток се премногу

Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Трпе Деаноски, вчера најави дека вработени од шест министерства, како и од Државниот завод за статистика (ДЗС), во

ВИДЕО: Во престрелка убиен водачот на „лешинари“, добро познат на јавноста

Во бањалучкиот ресторан „Стара Ада“ вечерва дошло до пукање, а на терен се полиција и брза помош, пренесуваат српските медиуми. Според медиумите, во престрелката е убиен Дејан Костиќ- Дела, еден од водачите

„Фајненшл тајмс“ дознава за конкретните барање на Путин на преговорите со Трамп за Украина

На можните преговори со Доналд Трамп за окончување на војната во Украина, рускиот претседател Владимир ќе бара НАТО да се повлече од границите со Русија до позициите што воената алијанса ги имала

Утре почнува Вевчанскиот карневал

  Утре започнува „Вевчанскиот карневал“, чија традиција и годинава ќе биде продолжена со неговото одржување од 12 до 14 јануари. Според најавите покрај главното дефиле на маските ќе има и  забавно музичката
Go toTop