Тројца загинати и осуммина повредени од проектил кој погоди станбена зграда во Украина

February 2, 2023
1 min read

КИЕВ (АА) – Три лица загинаа, а 8 се повредени од руски проектил кој погоди станбена зграда во украинската област Доњецк, известува Анадолу.

Украинската државна единица за итни случаи соопшти дека четирикатна станбена зграда е уништена во руски ракетен напад на градот Краматорск во областа Доњецк.

Во соопштението се наведува дека екипите за пребарување и спасување испратени на местото на настанот ги извлекле телата на 3 лица од под урнатините. Екипите спасиле 2 лица, а осуммина се повредени.

– „Нападите врз цивилите се секојдневна реалност во нашата земја“

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, даде изјава во врска со ракетниот напад во кој е погоден стан во Краматорск.

Информирајќи дека има загинати цивили во нападот кои се закопани под урнатините, Зеленски рече: „Ова не е повторување на историјата, ова е секојдневна реалност во нашата земја.“

Посочувајќи дека неговата земја има заедничка граница со „апсолутното зло“, Зеленски продолжи со зборовите: „Ова зло мора да се надмине за да се намали на нула веројатноста за повторување на ваквите трагедии.“

Зеленски им изрази сочувство на семејствата и роднините на загинатите и додаде дека виновниците дефинитивно ќе се најдат и ќе бидат казнети.

– Русите извршија шест ракетни напади и четири воздушни напади за 24 часа

Од друга страна, во соопштението на украинскиот Генералштаб се наведува дека Руската армија во последните 24 часа извршила шест ракетни, од кои четири врз населените места Славјанск, Краматорск и Дружкивка во областа Доњецк и четири воздушни напади.

Во соопштението во кое се посочува дека руските сили извршиле 73 напади со повеќецевни ракетни системи, во продолжение се вели: „Цивили загинаа во нападите на непријателот.“

Информирајќи дека руските војници, и покрај големите загуби се обидуваат да напредуваат во правците Лиманск, Бахмут, Авдијивка и Новопавловск.

Во продолжение се наведува дека украинските војници ги одбиле руските напади во населените места во областите Луганск и Доњецк, а под руски оган биле Новогоровка, Невскоје и Диброва во областа Луганск и Терни и Серебрјанка во областа Доњецк.

Споделен е и податокот дека во нападите на руските сили се погодени некои населени места во правец на Бахмут и Авдијивка.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: „Туркије е загрижена за растечката антиисламска реторика во Европа“

Следно

Во Скопје ќе се отвори уште едно болничко одделение за лекување на рак

Latest from Blog

ГЛАВНА ЦЕЛ Е ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СЛОБОДАТА НА ГОВОРОТ – Трамп ќе финансира МАГА проекти во Европа

Администрацијата на Трамп планира да додели низа грантови во Европа и пошироко за поддршка на иницијативи блиски до неговото движењето МАГА. Главната цел е зајакнување на слободата на говорот. Наменети се 2

Клековски: Епидемијата во Гостивар е прогласена, храната засега е исклучена како можен извор

Министерот за здравство Сашо Клековски потврди дека во Гостивар официјално е прогласена епидемија поради наглиот пораст на бројот на граѓани со стомачни тегоби, додавајќи дека здравствените власти и понатаму регистрираат меѓу 250

Полувреме: Шпанија – Аргентина 0:0! Премногу тактика, и игра без ризик!

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Шпанија – Аргентина 0:0 по првото полувреме од големото финале на Мундијалот кое се игра на “МетЛајв“ во Њу Џерси. Светот очекуваше спектакл, но засега нема ништо од тоа. Шпанија очекувано
Go toTop