Тројца судии ќе испитуваат дали имало пропусти во пресудата на судијката Алексовска-Стојановска за Васил Јованов

February 6, 2025
1 min read

Судиите Данка Ристова, Антоанета Димовска и Татјана Чачарова Илиевска се во формираната Комисија која ќе го испита случајот на судијката Даниела Алексовска-Стојановска од Основниот Кривичен суд Скопје. Комисијата има задача да утврди дали постоеле пропусти во одлуката на Алексовска-Стојановска, која за Васил Јованов, осуден за поседување и продажба на наркотични средства, изрекла воспитно-поправна мерка – упатување во поправен дом за малолетници.

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, во изјавата по седницата на Судскиот совет, нагласи дека Комисијата треба да постапува со внимание и да не создава притисок врз апелационите судови. Тој истакна дека тие судови ќе треба да одлучат дали првостепената пресуда е исправна или не и дали постојат повреди во постапката.

Пресудата за кривичното дело на Васил Јованов, момчето кое ја прегази Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, сѐ уште не е правосилна. Апелациониот суд уште не се има произнесено по жалбата, а јавноста активно го следи случајот, особено поради важноста на пресудата и одлуката за изрекување на мерката за воспитување на малолетникот.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Групата „Кој е следен“ уличниот форум за безбедност во сообраќајот го закажа за во недела на пладне кај ЗОО Скопје

Следно

Пандов: Да се провери колку случаи се досудени како претходниот на Васил, сомнежот е огромен ако нема

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop