Тројца повредени, од кои еден потешко, во сообраќајката на булевар АСНОМ

October 19, 2023
1 min read

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило, С. М. (33), од Кочани, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“

Сообраќајна несреќа во Скопје, Фото: МИА

Триесет и тригодишната кочанчанка, С. М., се здобила со тешки телесни повреди, а други две лица се полесно повредени во синоќешната сообраќајна несреќа што се случила на булеварот АСНОМ во Скопје.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило С. М. (33) од Кочани, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Комплексот клиники ’Мајка Тереза’ и Градската општа болница ’Св. Наум Охридски’“,

велат од СВР Скопје за МИА.

Од полицијата велат дека на местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Од ЈСП Скопје информираа дека во автобусот „Јутонг“ кој сообраќал на линијата 3 немало патници, завршил со смена и се повлекувал во гаражата во Автокоманда. 

„Полесно повреден бил возачот на автобусот, а потешко повредени биле возачот и совозачот од патничкото моторно возило. Причинета е материјална штета на двете возила. Според увидот и записникот на внатрешната контрола на ЈСП, патничкото моторно возило удрило во автобусот со неприлагодена брзина“,

велат од ЈСП „Скопје“.

Според полицијата, несреќата се случила ноќеска, 10-ина минути пред полноќ на крстосница од булевар АСНОМ со сервисна улица помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот скопјанец С. Ј. и автобус на ЈСП, управуван од 33-годишниот С. Б. од Скопје.

На крстосницата утринава имаше остатоци од оштетените возила, а сообраќајот се одвиваше по една лента и беше регулиран од сообраќајната полиција.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Кривичен продолжува судењето за Ласкарци

Следно

Албанската опозиција ги условува уставните измени – Бришење на 20% за албанскиот јазик и прифаќање на предлог законот за борба против корупција

Latest from Blog

Проданоски и Андоновски на настан за дигитална безбедност во Прилеп

Прилеп денеска беше одбележан Меѓународниот ден на побезбеден интернет – 11 февруари, со настан што се одржа во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, во присуство на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски,

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Венко не само што се инволвирани во трговијата со дрога, очигледно претерано ја конзумираат

Ако подетално се погледнат прес-конференциите и заклучоците на СДС, ќе се дојде до сознание дека не само што нивни структури се поврзани со трговијата на марихуана туку се активни конзументи на истата,

Стратешкото партнерство со САД е двигател за енергетскиот развој, вели Божиновска

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата се разговарало за продлабочување на
Go toTop