Тројца Палестинци се убиени во израелски воздушен напад врз северниот дел на Газа

November 29, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку тројца Палестинци се убиени, а деветмина се повредени денес по израелските воздушни напади врз две куќи во градот Газа, соопштија палестинските власти за цивилна одбрана, известува Анадолу.

Палестинската цивилна одбрана соопшти дека нејзините тимови извлекле тела на три жртви и спасиле пет повредени лица од урнатините на куќата на семејството Насар.

Цивилната одбрана, исто така, објави дека е извршен уште еден израелски напад врз куќа во населбата Ал-Зајтун во Газа. Четири повредени лица се пренесени во Баптистичката болница за лекарска помош.

Израел започна геноцидна војна врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас во октомври минатата година, при што загинаа над 44.300 луѓе, повеќето жени и деца, а беа повредени речиси 104.900.

Втората година од геноцидот во Газа наиде на зголемена меѓународна осуда, при што официјални лица и институции ги означија нападите и блокирањето на испораката на помош како намерен обид за уништување на населението.

Минатата недела Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата смртоносна војна против Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Децата на Заев во партиското раководство на неговата марионета, Филипче не можат да бидат решение, тие се виновниците за лошите состојби во државата

Следно

Турскиот претседател Ердоган го најави договорот за снабдување со течен гас од Оман

Latest from Blog

Не дозволувајте да изгубите пари при откупот: СЕКЕ со важни совети за правилно пакување на тутунот

Со почетокот на сезоната за откуп на тутунот, компанијата СЕКЕ упати важни препораки до тутунопроизводителите за правилно пакување и чување на произведениот тутун, со цел да се зачува неговиот квалитет и да

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна
Go toTop