Тројца научници од Универзитетот во Калифорнија ја добија Нобеловата награда за физика

October 7, 2025
1 min read

Нобеловата награда за физика денес им беше доделена на научниците од Универзитетот во Калифорнија, Џон Кларк, Мајкл Деворет и Џон Мартинис, соопшти Кралската шведска академија на науките.


Наградата, доделена 118 пати од 1901 година, ја освоиле 226 лица, објави денес Асошиејтед Прес (АП). Минатогодишните добитници беа пионерите на вештачката интелигенција Џон Хопфилд и Џефри Хинтон.

Во понеделник, Нобеловата награда за медицина им беше доделена на Мери Е. Бранко, Фред Рамсдел и д-р Шимон Сакагучи за откритијата што објаснуваат како имунолошкиот систем ги разликува штетните микроорганизми од сопствените клетки.


„Нивните откритија поставија темели за ново поле на истражување и го поттикнаа развојот на нови третмани, вклучувајќи рак и автоимуни болести“, се вели во соопштението.

Доделувањето на Нобеловите награди ќе продолжи во среда со наградата за хемија, по што ќе следи наградата за литература во четврток, а наградата за мир ќе биде објавена во петок.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Дали знаете зошто вашата мачка „пасе“ трева?

Следно

Министерката Божиновска се сретна со амбасадорот Лосон и тимот на „Англо Американ“

Latest from Blog

За убиството на судијата во Апелацискиот суд во Тирана уапсени три лица, скенерот сигнализирал присуство на метал, обезбедувањето не реагирало

Преку соопштение за медиумите, полицијата објави дека обезбедувањето во судницата не презело никакви мерки за физички претрес на чичкото и внукот Ѓон и Елвис Шкамби, иако уредот за скенирање (детектор), во моментот

Капело: Јуве – Милан? Неверојатно здодевно!

ФОТО: Fabio Capelo/X Некогашниот стратег на Јувентус и Милан, еден од најдобрите тренери во историјата, секако дека тоа е Фабио Капело имаше свој коментар по неделното мег – дерби во Серија А

Проданоски ја најавува трансформацијата на градската река во Прилеп

Кандидатот за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски, најави амбициозен проект за ревитализација на градската река, со цел таа да стане современ и функционален јавен простор за сите генерации. На површина од повеќе
Go toTop