Тркалезна маса на тема „Имплементација на Актот на Уставниот суд”

September 26, 2025
2 mins read

Во Уставниот суд се одржа тркалезна маса на тема „Имплементација на Актот на Уставниот суд”, организирана со поддршка на ИПА 3 проектот во Судот и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Пред судиите и советниците на Судот беше презентирана анализата на Актот која е изработена од страна на правните експерти ангажирани од ЕУ проектот.

Со воведни обраќања настанот го отворија претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, Карстен Манке- тим лидер на ЕУ проектот и Русудан Табатаџе, шефица на Одделот на владеење на правото и човековите права  при Мисијата на ОБСЕ.

На настанот со свои обраќања учествуваа судиите Осман Кадриу, Татјана Васиќ- Бозаџиева, Фатмир Скендер.  Забелешки за анализата презентираа поранешната судијка на Судот во Стразбур Маргарита Цаца Николовска и универзитетскиот професор Јетон Шасивари.

Како што информираат од Уставниот суд, претседателот Костадиновски ги информираше присутните дека Актот на Уставниот суд е револуционерен документ кој е донесен после 33 години работа по стариот Деловник, но најави дека во наредниот период  ќе се доуредат некои прашања кои се во насока на унапредување на ефикасноста и транспарентноста на Судот.

-Еден од моите приоритети кои ги најавив е токму судискиот активизам, а Актот на Уставниот суд е плод на судски активизам и на еволутивниот принцип на толкување на уставните одредби на овој состав за значајни промени и зголемување на ефикасното работење во интерес на граѓаните. Сакам да ве информирам дека ги согледавме недостатоците од овој Акт за кус временски период и веќе работиме за доуредување на многу значајни прашања, поради што е формирана и интерна ад хок Комисија за измени на Актот, која во следниот период на судот треба да му предложи измени и дополнувања на Актот. Оваа анализа е значајна придобивка за нас и ќе ни биде од големо значење кога ќе ги разгледуваме и ќе одлучуваме  за нови корекции, изјави претседателот Костадиновски.

Во рамки на анализата се содржани главните наоди од Извештајот за Актот, презентирани од страна на сениор експертот Мартин Сопронов. Меѓу другото, генералната оценка за донесување на новиот Акт на Судот после 33 години е оценета како позитивен чекор кон поефикасно и потранспарентно работење.

-Клучната порака е дека Актот има цврста основа за надградба, има инклузивен пристап и можност за корекција на нецелосни иницијативи, позитивно е што се јасно прецизирани процесните фази и рокови. Како позитивна новина е Судот со известување да се обраќа до доносителите и да ги предупредува да направат интервенции во актите во одреден временски рок, со цел да се избегнат правни празнини и штетни последици. Начинот на кој е уредено гласањето како тајно е исто позитивен аспект бидејќи на тој начин се штити судиската независност. Во однос на недостатоците, постои ризик од преоптовареност со предмети со оглед на широкиот пристап, треба да се размислува за можноста за трети лица кои имаат интерес да бидат вклучени и испитани во постапките итн., кажа правниот експерт Сопронов.

ЕУ Делегацијата и Мисијата на ОБСЕ во Скопје континуирано го поддржуваат развојот и зајакнувањето на капацитетите на Уставниот суд во насока на владеење на правото и правната држава. Експертската дебата се одржа на 23.09.2025 година во салата за конференции во Уставниот суд.

Во април оваа година, Уставниот суд со поддршка на Делегацијата на ЕУ во Скопје, преку механизмот ИПА 3, организираше тркалезна маса на тема „Дали ни е потребен Закон за Уставен суд на која присуствуваа претседателката  Гордана Сиљановска-Давкова и евроамбасадорот Михалис Рокас. Се обратија и амбасадорите на СР Германија, Петра Дрекслер и на САД, Анџела Прајс Агелер и претставници од академската заедница и невладините организации.

Паралелно се спроведуваат заедничките активности за унапредување на работењето на Уставниот суд и промоција на принципите на владеење на правото, човековите права и институционалната транспарентност, во согласност со мандатот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Сања Божиновска: Рударството ќе се развива по јасни правила и со највисока заштита на граѓаните

Следно

Ракот ќе ја добие заслужената награда, Девицата ќе има плоден ден

Latest from Blog

Димитриеска – Кочоска: Берзата е двигател на идеи и партнерства повеќе од две децении

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска денеска во Охрид се обрати на 24-та Конференција на Македонската берза, настан кој повеќе од две децении претставува двигател на идеи и партнерства во финансискиот

Британската влада ќе воведе задолжителни дигитални лични карти до 2029 година

Велика Британија во петокот објави воведување на задолжителен систем за дигитална лична карта за граѓаните и жителите кои започнуваат нови работни места, како дел од борбата против нелегалната имиграција. „Ова ќе ја

Сања Божиновска: Рударството ќе се развива по јасни правила и со највисока заштита на граѓаните

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со Гавин Ферар, извршен директор на Central Asia Metals (CAML), и Џејмс Караматич, новиот генерален директор на рудникот „САСА“. На
Go toTop