Трипуновски: Модификацијата во делот на субвенциите треба да биде со припрема на земјоделците, целта е зголемено производство и зголемена добивка на земјоделците

December 19, 2024
1 min read

Ние изминативе 6 месеци санираме наследени ситуации, конкретно субвенциите. Со нашето доаѓање имаме над 4 милијарди денари заостанати обврски кои што ги исплаќаме од претходните години. Со ребалансот на Буџетот, со пренамена во програмата, со интервентен фонд итн. исплаќаме нешто што е заостанато, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во поткастот „Каде се парите“.

„Ако зборуваме дека имале рамна линија, тогаш требаше со нашето влегување во Министерството да има приближно нула заостанат долг кон земјоделците”, посочи тој.

Министерот додаде дека во делот на субвенциите и земјоделското производство многу често земјоделците ќе ви кажат дека овие субвенции кои што сега ги добиваат можат да се пренаменат во делот на инвестициите, ако секој земјоделец има загарантиран откуп по рентабилна цена тоа значи дека на производната цена имате барем 30-тина проценти заработка која што ќе значи одржливост на производството. А, овие субвенции државата да ги даде во делот на инвестиции, модернизација итн.

„Зошто велам дека државата треба да обезбеди и да помогне? Еве, ќе земеме една култура која што во моментов е многу актуелна, а тоа е откупот на оризот од оваа реколта. Ако државата им обезбеди на земјоделците од кочанскиот регион навремена количина на вода што значи навремена сеидба, во долг рок значи и жетва во време кога временските услови дозволуваат бидејќи со задоцнета сеидба имаме и задоцнета жетва, слана, намален принос односно квалитет. Ако државата ги засукала ракавите, претходната власт бидејќи јас ја наследив нивната жетва, би требало обезбеди квалитетни препарати за заштита кои што се по рентабилна цена и кои што ќе имаат ефект врз земјоделскиот посев и ќе бидат нормално поевтини, е тогаш би имале заштеда во делот на производството. Ако државата обезбедила квалитетен семенски материјал односно им помогнала на тие земјоделци да се донесе квалитетен семенски материјал би имале денес зголемен принос“, појасни министерот Трипуновски.

Тој посочи дека денеска би имале земјоделско производство кое што ќе значи на единица декар, односно 1.000 м2 принос над 800 килограми. А, сегашниот принос со овие незавршени работи е само 500 килограми.

„Затоа овие пари кои што ги даваме како субвенции ќе ги насочиме во механизација итн. Јас тоа го направив, со првата мерка и објава што беше за модернизација, поделивме 50-тина комбајни во кочанскиот регион за да имаме модерна жетва, да немаме загуби, да имаме помали трошоци за амортизација, се со цел добивката да биде повеќе кај земјоделците“, заклучи тој.

„Модификацијата на овој систем кој што постои сега во делот на субвенциите треба да биде со припрема на земјоделците. Државата постепено да им каже каде е прилагодувањето, односно каде е реформата во овие субвенции, за на крајот која да биде целта. Овие субвенции треба да бидат со ефект, да се зголеми производство, да се зголеми добивката на земјоделците, да се зголемат обработливите површини“, истакна министерот Трипуновски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган повика на глобално единство, правда и напори за обнова на Сирија, разурната од војна

Следно

Владиката Партениј повикува само на посветеност и молитва – апел кон верниците од Дебарско-кичевската епархија

Latest from Blog

Коњановски: Битола вложува во младите и нивната благосостојба

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, се обрати на завршниот настан од проектот „Младите и менталното здравје“, во кој општината беше партнер, а кој се реализираше во соработка со битолските средни училишта

Трамп нареди итна исплата на 50.000 вработени во обезбедувањето на американските аеродроми

Трамп соопшти дека му наложил на Министерството за татковинска безбедност (ДХС) „веднаш да ги исплати агентите на Управата за безбедност во транспортот (ТСА)“ со цел да се реши вонредната состојба и, како

Савески: Ќе се постапува по секој предмет за кој има законски основ

Новоизбраниот државен јавен обвинител Ненад Савески вели дека никогаш нема да коментира ничија изјава, нагласувајќи дека првото нешто што го направил откако е на функцијата е средба со јавните обвинители во Државното

Беким Сали на отворањето на 4-та Балканска школа за педијатрија: Зајакнување на здравствените капацитети за децата

Во присуство на бројни здравствени експерти од регионот, денеска официјално започна 4-тата Балканска школа за педијатрија, значаен настан кој ги обединува педијатрите од различни земји со цел унапредување на знаењето и размената
Go toTop