Трипуновски: Министерството заедно со земјоделските здруженија ги креира Програмите за 2025 година

January 11, 2025
1 min read

Денес на моја иницијатива со повеќе од 30 здруженија се одржува работна средба со единствен реден ред, а тоа е разгледување на предлог Програмите за субвенционирање за 2025 година, поточно Програмата за директни плаќања и Програмата за рурален развој, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Темата на овој состанок е заедно со земјоделските здруженија да креираме Програми кои што ќе значат поттикнување и враќање на земјоделското производство во Република Македонија, појасни министерот.

Министерот Трипуновски додаде дека ова е само еден од состаноците кој што се одржува денес и наредните денови ќе има и со останатите чинители во земјоделскиот сектор.

Ќе работиме заедно за да донесеме Програми кои што ќе значат развој на македонското земјоделство. Ова што го правиме како активност е отварање во вистинска смисла на зборот вратите на Министерството се со цел заеднички и партнерски да работиме во делот на секторот, истакна министерот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зголемена брзина најчеста причина – 9 жртви од 842 сообраќајки во Тетово минатата година

Следно

Адвокатите на жртвите во Сирија бараат од МКС апсење на Асад и неговите соучесници

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop