Три нови имиња во ТФТ

August 29, 2023
1 min read

Екипата на ТФТ ја формира екипата за новата сезона во домашното првенство и во АБА-2 лигата, а донесе вкупно четири американски кошаркари, од кои двајца се повратници.

Давид Хотон се враќа во дресот на ТФТ, каде играше важна улога во ланската сезона и ќе остане една година. Исто така во Тафталиџе ќе игра и Двејн Морган, кој е повратник по една сезона во Мексико.

Новајлија е Треј Верц, „руки“ од Универзитетот Нотр Дам, а минатиот месец работеше на тренинг-кампот на НБА-тимот Шарлот Хорнетс, пред драфтот за најсилната лига во светот.

Се работи за бек висок 196 сантиметри, има 23 години и ќе ја има првата европска авантура. ТФТ и Верц потпишаа договор на една година, со можност истиот да биде продолжен на уште една сезона. Се очекува Американецот со својот стил на игра да биде од помош за натпреварите во АБА-2 и во мак-баскетот.

Претходно, ТФТ потпиша договор и со Џелани Симонс, што значи дека Боро Смилковски во новата сезона во ростерот ќе има најмалку четири Американци.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Постигнат е договор за изградба на нуклеарна централа во Албанија

Следно

Позната е тежината на повредата на Винисиус

Latest from Blog

Меѓународната агенција за атомска енергија повика на воздржаност по нападот врз нуклеарниот комплекс во Иран

МААЕ во соопштение на мрежата Икс наведува дека Техеран ја информирал агенцијата на Обединетите нации (ОН) дека локацијата била „нападната денеска“. „Не е пријавено зголемување на нивото на зрачење надвор од локацијата.

Трипуновски од Неготино: Оваа година ќе имаме поуспешна берба на грозје, работиме на системите за наводнување

Во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ја посети општина Неготино, каде оствари средба со земјоделците и лозарите од овој

Омерагиќ најави револуција: Македонскиот фудбал влегува во нова ера

Денес се одржа редовното годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, на кое беа усвоени клучни одлуки за иднината на македонскиот фудбал. Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ, истакна дека е донесен нов

Меџити: Со ВЛЕН завршува политиката на поделби

За првпат во историјата на мултипартиската Македонија, Албанците од различни политички провиниенции, од десница и левица, млади и искусни, се обединуваат во заеднички политички фронт, ВЛЕН. Изет Меџити, градоначалник на Општина Чаир
Go toTop