Три бои Украина

March 7, 2024
2 mins read

Не постојат многу луѓе кои се разбираат во војна повеќе од Ерик Принс, американски бизнисмен, поранешен специјалец од морнаричките Фоки и основач на приватната воена групација Блеквотер. Еве што му кажа на Патрик Бет- Дејвид:

Мораме да ѝ ставиме крај таа војна бидејќи сè што Украина прави во моментов е што демографски се уништува себеси. Тие ја мелат  следната генерација работоспособни луѓе за кои во моментов нема замена.

Немаат доволно луѓе. Западната одбранбена стратегија е патетична а нејќете да војувате со руската мечка надвор од конценционалните рамки.

Грд мир е подобар од каква и да е нивната идеја за идеална војна. Замрзнете ги линиите… Нека ги задржат Крим, Доњецк, Луганск.

Не е обврска на американскиот даночен обврзник да потроши уште сто милијарди во Украина кога таму има значителна корупција а ќе нема што да се покаже со тоа.

********

Дејвид Сакс, милионер, партнер во Craft Ventures и инвеститор во Фејсбук, СпејсИкс, Убер, ЕрБНБ…

Војната во Украина се заснова на лаги – лаги за тоа како започна, лаги за тоа како оди, лаги за тоа како ќе заврши. Ни кажуваат дека Украина победува, а всушност губи. Ни кажуваат дека војната го засилува НАТО а всушност го исцрпува. Ни кажуваат дека најголемиот проблем на Украина е кусок пари од американскиот Конгрес а всушност Запад не може да произведе доволно муниција – што е проблем за кој ќе бидат потребни години да се реши. Ни кажуваа дека Русија трпи поголеми жртви а на Украина и снемува војници – уште еден проблем што со пари не се решава.

Ни кажуваат дека светот е со нас а глобалното мнозинство верува дека политиката на САД е врвна глупост. Ни кажуваат дека не постојат можности за мир а ние имаме отфрлено многу шанси за договор со преговори. Кажано ни е дека ако Украина продолжи да се бори, ќе ја подобри својата преговарачка позиција а условите реално само ќе стануваат многу полоши од оние што беа достапни а сепак отфрлени.

Лагите сепак ќе успеат да ја одолговлекуваат војната. Конгресот ќе набави повеќе средства. Русија ќе заземе повеќе територии. Украина ќе мобилизира повеќе млади мажи и жени за да се храни мелницата за месо. Незадоволството ќе се зголеми. На крајот ќе има криза во Киев и владата на Зеленски ќе биде соборена.

И тогаш, кога војната конечно ќе биде изгубена, кога целата земја ќе лежи во  урнатини на погребната клада од сопствено производство, лажговците ќе речат „добро, ама па се обидовме“.

Спречујќи секаква алтернатива, валкајќи го секој што ја кажува вистината како марионета на непријателот, лажговците ќе речат „Дадовме сè од себе. Му се спротивставивме на Путин!“

Ќе тврдат и дека ќе успееле, ама петоколонашите апологети на Путин им забилe нож во грб на Украинците. Потоа, откако ќе ја префрлат вината и ќе се тапкаат по рамо, безгрижно ќе се упатат кон следната војна, како што тргнаа кон Украина после нивните катастрофи во Авганистан и Ирак.

*********

Вонредно интересен муабет кај Патрик Бет- Дејвид за Украина и за тоа како големиот американски капитал трие раце бидејќи колку повеќе Украина е разурната, толку повеќе ќе треба да се обновува. Блекрок, Чејс и ним сличните, веќе имаат договори тешки 410 милијарди долари за да направат „поубава и постара“ Украина.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Шведска стана членка на НАТО

Следно

ЌЕ ВИ РАСПУКА СРЦЕТО: Карлеуша сподели необјавени моменти со својата мајка пет години по нејзината смрт, пејачката скршена од болка токму на овој ден! (ВИДЕО)

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop