Трендафилов: Да донесеме одлука пратениците да бидат на минимална плата до наредното зголемување на минималната плата

April 2, 2025
1 min read

Попладнево ССМ ја почна јавната седница на највисоките тела пред Собранието каде упати порака до пратениците да донесат одлука за зголемување на минималната плата на 500 евра. Пред Собранието беше донесена одлука пратениците да земаат минимална плата сѐ до наредното зголемување на минималната плата.

– Вашите сега 79 отсто зголемени плати не ги заслужувате и затоа дојдовме тука поради фактот што вие не одлучувате за нас, ние ќе одлучиме за вас. Почитувани работници, да донесеме одлука пратениците да бидат на минимална плата до наредното зголемување на минималната плата – рече претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Седницата продолжува пред Стопанската комора, а треба да заврши пред Владата.

На почетокот пред Работничкиот дом во Скопје, работниците со едноминутно молчење им одадоа почит на трагично загинатите во трагедијата во Кочани.

Претходно, денеска во изјава за медиумите министерот за економија и труд Бесар Дурмиши рече дека одлуката за зголемување на минималната плата од 1.800 денари е донесена согласно законот.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ССМ со јавна седница на улица: Бараат 500 евра минимална плата, седницата почна со едноминутен молк за жртвите во Кочани

Следно

Анчелоти отфрли договор со шпанските обвинители

Latest from Blog

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.

Ристовски најави: 438.000.000 денари поддршка за македонскиот спорт

Македонскиот спорт ќе добие 438.000.000 денари поддршка од државата соопшти министерот за спорт Борко Ристовски во своето обраќање на денешното редовното годишно Собрание на Ракометната федерација на Македонија (РФМ). – После субвенциите

Бастони и кажа “ДА“ на Барса!

ФОТО:facebook.com/Inter Еден од најдобрите дефанзивци во светот и еден од најдобрите фудбалери на Интер и селекцијата на Италија, се сели во Ла Лига. Алесандро Бастони, ги прифати сите услови понудени од Барселона
Go toTop