Тренчевска до Мицкоски: Вашите мерки доживеаја дебакл, ќе го прифатите ли предлогот за укинување на ДДВ за храна?

January 30, 2025
1 min read

Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, во врска со со вртоглавииот раст на цените на храната го запраша премиерот Мицокоски дали сега ќе го прифатите предлогот на СДСМ за унинување на ДДВ за основните прехранбени производи.

Во продолжение интегралниот текст на прашањето:

„Моето второ прашање до вас премиере Мицкоски е повторно поврзано со вртоглавиот раст на цените на храната.

Животот на повеќето граѓани е претворен во секојдневна борба, како да го преживеат месецот.

Цените се плафон, и овој тренд продолжува. Граѓаните се доведени да бираат што и колку ќе пазарат само од основните производи, не зборуваме за луксуз.

А да не не ги споменувам сметките кои треба да ги плаќаат.

Премиере вие откако дојдовте како да имате изгубено допир со реалноста, како да не сте влегле во продавница и со свои очи да видите што се случува па најавувате купување на авион за функционерите од владата.

Просто да се чуди човек колку може власта да ве одлепи во облаците. Додека луѓето немаат леб вие на авиони за себе мислите.

Не знам дали ги видовме последните податоци овој месец, минималната синдикална кошница достигна 63.252 денари, што е пораст од скоро 400 денари месечно, а во споредба со јануари 2024 година, зголемувањето е за 6.000 денари.

По која математика, граѓаните со две минимални плати од 22.567 денари, да ги покријат овие трошоци?

СДСМ понуди решение за реално намалување на цените на основните прехранбени производи, но вие упорно водите инат и не го прифаќате.

Укинување на ДДВ за основните прехранбени производи, со што семејствата би заштедиле до 2.000 денари месечно или 24.000 денари годишно.

Моето прашање до вас е, откако сфативте дека вашите мерки дожвеаја дебакл и се тотално неефикасни, дали сега ќе го прифатите предлогот на СДСМ за укинвање на ДДВ за прехранбените производи?

Се надевам ароганцијата со којашто ги одбивавте мерките на СДСМ сега ќе ја стишите малку.“

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СЕКОЈА СЛИКА НА КОЛЕ МАНЕВ Е ПРИКАЗНА ЗА КОПНЕЖОТ И НЕПОКОРНОСТА НА ОНИЕ КОИ ИЗДРЖАЛЕ РАСЕЛУВАЊЕ, РЕЧЕ АНА ФРАНГОВСКА НА КОМЕМОРАЦИЈАТА

Следно

Мицкоски: Имам разбирање за бојкотот на граѓаните на маркети, а јавноста ќе дознае како од поранешни функционери на СДСМ се прави политика и манипулира при пресметката на минималната синдикална кошничка

Latest from Blog

Тотенхем има две имиња за нов менаџер, а доаѓа и нов спортски директор од Борусија (Д)

Поранешниот тренер на Олимпик Марсеј, Роберто Де Зерби, е подготвен да стане главен тренер на Тотенхем доколку клубот не испадне од Премиер лигата. Според „Телеграф“, привремениот тренер на Спарс, Игор Тудор, дефинитивно

Надомест за каснување од кучиња – упатство за граѓаните на Прилеп

Локалната самоуправа на општина Прилеп ги известува граѓаните дека започнува примената на Упатството за начинот и правилата на утврдување и исплата на надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња. Со

Министерката Божиновска најави продолжување на попустите на горивата до 6 април

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека преземените мерки од страна на Владата, во комбинација со конкретни чекори од економските оператори, даваат резултати – цените на горивата се

Општина Битола: Во тек е прием на иницијативи за енергетски капацитети

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги информира сите заинтересирани инвеститори дека 1 април е краен рок за поднесување иницијативи за изградба на енергетски објекти со инсталирана моќност помала од 1
Go toTop