Трамп за вечерва најави обраќање до јавноста

September 2, 2025
1 min read

Доналд Трамп денес ќе одржи специјално претседателско обраќање во Овалната соба, додека се зголемуваат шпекулациите за тоа каква би можела да биде содржината на неговиот говор.


Изненадувачкото обраќање е закажано за 14 часот по локално време (19 часот по централноевропско време), но засега нема повеќе детали за темата, објавува „Мирор“.

Некои политички коментатори веруваат дека денешната најава најверојатно ќе биде поврзана со можното распоредување на Националната гарда во Чикаго, откако нејзините трупи неодамна беа стационирани во Вашингтон.


Трамп во неделата предупреди дека би можел да ја испрати воената формација со федерално седиште во третиот по големина град во Америка.

Обраќањето доаѓа откако Доналд Трамп, 79, ги отфрли деновите на шпекулации за неговото здравје, предизвикани од фотографиите на кои се гледаат темни модринки на задната страна од неговата рака. Во кратка објава на Truth Social во неделата навечер, тој напиша: „НИКОГАШ НЕ СУМ ЧУВСТВУВАЛ ПОДОБРО ВО МОЈОТ ЖИВОТ“.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Научници тврдат дека Аспиринот го спречува ширењето на ракот

Следно

„Го продадоа за 145 милиони евра, а се простија со 37 зборови“

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop