Трамп воведе царини за 60 држави, за Северна Македонија 33%

April 2, 2025
1 min read

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп воведе нови царини за 60 држави, вклучително и Македонија, како и земјите од регионот, со што значително ќе се промени динамиката на увозот во САД.

За Северна Македонија е воведена царина од 33%, додека пак Србија е погодена со највисока стапка од 37%, Босна и Херцеговина со 35%. На увезените стоки од Косово е воведена царина од 10%, исто како и за Албанија.

При објавување на царините, Трамп порача дека 2 април 2025 година ќе биде запаметен како „Ден на ослободување“.

„Ова е моментот кога ќе ја збогатиме Америка повторно! Нашите работници и бизниси беа жртви на странски мршојадци, но тоа завршува денес“, изјави Трамп.

Според новите мерки, царините на производи од Европа ќе изнесуваат 20%, а најниската тарифа за увоз во САД ќе биде 10%. Посебно ги нападна трговските практики на Канада, Мексико и Кина, инсинуирајќи дека сегашните американски власти ги поттикнуваат економските загуби.

Трамп исто така порача дека американската економија ќе стане самоодржлива, најавувајќи дека домашните компании ќе бидат приморани да произведуваат во САД или да плаќаат високи такси.

Во завршниот дел од говорот, тој повторно ја критикуваше администрацијата на Бајден, се осврна на границите и миграцијата, како и на војната во Украина, ветувајќи дека ќе ја прекине.

„Прво ќе ја ослободам Америка! Ви благодарам и Господ да ги благослови САД“, порача Трамп, потпишувајќи ги новите трговски мерки, кои ќе имаат сериозни последици во светската економија.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ: Мицкоски го допре дното, по промоцијата на Магна, очекуваме Мицкоски да го пушти во употреба „Мој ДДВ“

Следно

Шефот на турската дипломатија Фидан во Париз се сретна со францускиот колега Баро

Latest from Blog

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка

МБИ10 со пад од 0,16% – Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија –

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 27 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,16% и заврши на 9.932,53

Ливерпул продолжува да се потпира на Арне Слот

фото: Liverpool France (X) Добро познатиот новинар Дејвид Орнштајн коментираше за иднината на менаџерот на Ливерпул, Арне Слот. „Сите наши информации, и покрај некои спротивни извештаи, се дека Ливерпул се потпира на
Go toTop