Трамп: Трговскиот договор со Канада ќе биде „многу тежок“ поради ставот за Палестина

July 31, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп утрово ја предупреди Канада дека трговскиот договор ќе биде „многу тежок“ откако Отава објави дека ја поддржува палестинската државност, јавува Анадолу.

„Воу! Канада штотуку објави дека ја поддржува државноста на Палестина. Тоа ќе ни го отежни многу склучувањето трговски договор со нив. Ох, Канада!!!“, објави Трамп на „Truth Social“.

Коментарите на Трамп дојдоа откако канадскиот премиер Марк Карни вчера објави дека земјата ќе ја признае Палестина како држава во септември, поради „неподносливата“ хуманитарна ситуација во Појасот Газа.

„Канада има намера да ја признае државата Палестина на 80. сесија на Генералното собрание на ОН во септември 2025 година“, рече Карни на прес-конференцијата во Отава по претседавањето со виртуелен состанок на Кабинетот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Променливо облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд и грмежи!

Следно

Манчестер јунајтед убедливо го совлада Борнмут

Latest from Blog

Израел бесен поради Нобеловата награда за мир: „Јозеф Гебелс аплаудира од пеколот“

„Кога би постоела награда за лаги, омраза и крвави клевети, Нави Пилај не само што би била кандидат, туку би била и главен фаворит“, напиша израелското Министерство за надворешни работи на платформата
Go toTop