Трамп со порака до ФИФА, ама ја погрешил адресата: “Не помислувајте да го суспендирате Израел“!

September 27, 2025
1 min read
ФОТО: Screenshot

Фудбалскиот свет е во исчекување. Дали Израел, односно репрезентацијата на оваа земја и клубовите ќе бидат исфрлени од натпреварувањата на УЕФА поради настаните во Газа.

Според релевантните светски медиуми, на оваа тема се води голема дипломатска војна. Првата рунда ја добија Израелците и пред се дипломатите на САД, но последните информации велат дека, по големиот притисок на Катар и барањето на Турција, УЕФА закажа за следната недела состанок на својот Извршен комитет, Израелците се во паника, а секако и Американците.

Токму затоа, барем според одредени шпекулации, претседателот на САД, Доналд Трамп лично упатил порака до ФИФА поточно до Џани Инфантино, да не помислуваат да го суспендираат Израел.

Сепак, се чини дека Трамп ја погрешил адресата.

Јасно е дека СП 2026 е под капата на ФИФА, ама квалификациите за Мундијалот е под раководство на УЕФА, значи Европската куќа на фудбалот може да ја исфрли репрезентацијата на Израел и клубовите од таа земја од нејзините натпреварувања.

Во секоја случај треба да почекаме уште некој ден да видиме, прво дали УЕФА ќе се осмели да гласа и потоа каков ќе биде исходот од гласањето за исфрлање или суспендирање на Израел.

Извор: vecer.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Поранешното момче на Ким Кардашијан ја тужи неа и мајка ѝ поради објавување порно снимки (ВИДЕО)

Следно

Ѓорѓиевски за КУРИР: Младите во Скопје ќе бидат ослободени од комуналии при изградба на куќа

Latest from Blog

Хаос на „Богородица“: За влез во Македонија се чека и до четири часа, километарски колони на границата

Долги колони од вчера попладне има на границата меѓу Грција и Македонија на граничниот премин „Богородица“. Граѓани на социјалните мрежи коментираат дека чекањето трае и до четири часа. Колоните од автомобили, автобуси,

Николоски: Продолжува интензивната изградба на автопатот Прилеп – Битола

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека интензивно продолжуваат градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, оценувајќи го проектот како еден од најзначајните инфраструктурни зафати во земјава. Според Николоски, изградбата

Единаесетгодишно момче е извлечено од урнатините во Венецуела, три дена по земјотресите (ВИДЕО)

„Пред неколку минути, 11-годишно момче беше спасено во Карабаледа. Во овој момент, секој живот е извор на надеж за Венецуела“, напиша Родригез на X, прикачувајќи видео од спасувањето на детето кон својата
Go toTop