Трамп се закани: Ги уништивме големите ирански бродови, а сега се на ред малите доколку се приближат до блокадата

April 13, 2026
1 min read

„Иранската морнарица лежи на дното на морето, целосно уништена – 158 бродови. Она што не го погодивме беа нивните помали бродови, кои тие ги нарекуваат „брзи бродови за напад“, бидејќи не ги сметавме за голема закана“, напиша Трамп на Truth Social.

Тој додаде предупредување дека сите ирански бродови што ќе се приближат до американската блокада ќе бидат уништени.

„Предупредување: Ако некој од овие бродови се приближи до нашата БЛОКАДА, тие веднаш ќе бидат ЕЛИМИНИРАНИ“, рече тој, додавајќи дека ќе се користи истиот систем што САД го користат против шверцерите на дрога на море.

Блокадата веќе започна

Објавата на Трамп доаѓа во време кога американската поморска блокада на Иран веќе стапи на сила. Според информациите објавени од Ројтерс, блокадата го опфаќа целиот ирански брег и целиот поморски сообраќај во Оманскиот Залив и Арапското Море, без оглед на знамето на бродовите.

Американската команда предупреди дека бродовите што влегуваат во областа без дозвола можат да бидат пресретнати, пренасочени или запленети.

Тензиите растат во Ормутскиот теснец

Блокадата дополнително ги зголемува тензиите околу Ормутскиот теснец, клучен пат низ кој минува околу една петтина од светската нафта. Иран претходно изјави дека ќе одговори „решително“ на приближувањето на американските сили, додека аналитичарите предупредуваат дека ситуацијата би можела да ескалира во директен поморски конфликт.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Следно

Heroi nga Tetova në Oslo: Bekim Ahmedi hyri në flakë për të shpëtuar fqinjët nga zjarri që shpërtheu në ndërtesë (FOTO)

Latest from Blog

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за

ЛШ: Винчиќ ќе го суди реваншот меѓу Баерн и Реал

УЕФА денеска ги објави судиите за реванш натпреварите во четвртиналето од Лигата на шампионите. Дуелот меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид ќе го суди Словенецот Славко Винчиќ. Негови помошници ќе бидат Томаж
Go toTop