Трамп се обрати до нацијата: Маратонски говор за успесите на неговата администрација

February 25, 2026
1 min read

Нашата нација се врати поголема, побогата и посилна од кога и да е, рече во обраќањето американскиот претседател, зборувајќи од рекордните нивоа на берзите преку ниските цени на горивата до спречувањето на влезот на смртоносниот фентанил во земјата.

-Всушност, победуваме толку многу што веќе не знаеме што да правиме со тоа. Луѓето ме прашуваат: „ве молам, ве молам, г-не Претседателе, премногу победуваме. Не можеме веќе да го издржиме тоа. Не сме навикнати да победуваме во нашата земја. Се додека не дојдовте вие, ние само губевме. Но, сега победуваме премногу“. И јас велам: не, не, не. Повторно ќе победувате. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Медиумите избројаа дека републиканците околу сто пати станале од место и со оваации ги поздравиле пораките на Трамп, за разлика од ривалските демократи, кои беа прилично резервирани. Тој влезе и во отворен судир со демократската конгресменката од сомалиско потекло, Илхан Омар кога ја прозва дека ја поткопува неговата имиграциска политика. 

-Омар: Вие убивавте Американци. Вие убивавте Американци. Трамп: Во многу случаи, имаше нарко босови и убијци низ нашата земја. Тие го блокираа отстранувањето на овие луѓе од нашата земја. И треба да се срамите! Омар: Вие засрамете се!

Трамп, надворешната политика ја стави во втор план. Во екот на мировните преговори, Украина ја спомена само еднаш. Во однос на Иран, рече дека сите опции се на маса, иако преферира дипломатско решение.

-Едно е сигурно, никогаш нема да дозволам најголемиот спонзор на тероризам во светот, што тие убедливо се, да имаат нуклеарно оружје. Не смееме да го дозволиме тоа. , рече Трамп.

Одлуката на Врховниот суд кој неодамна ги поништи неговите царини ја нарече несреќна, но куртоазно се поздрави со четворицата врховни судии, кои му возвратија буквално без никаков израз на лицето. Аферата со сексуалниот претстапник Епстин, во која се инволвирани и негови соработници воопшто не ја спомена. Последните анкети покажуваат дека Трамп се соочува со најнизок рејтинг од почетокот на маднатот од околу 40 проценти.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хоџа: Ја јакнеме државната контрола врз загадувачите, следи акредитирање на нашата лабораторија и за нови методи

Следно

Тоневски: 100 дена – проекти, реформи и план за развој

Latest from Blog

Проданоски со велигденска порака: Светлината на Воскресението нека донесе мир во секој дом

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните по повод големиот христијански празник Велигден. Во својата порака, Проданоски истакна дека Воскресението Христово е симбол на надежта, љубовта и новиот почеток,

Севиља го “реши“ Атлетико Мадрид!

ФОТО:facebook.com/sevillafc.eng/ И тоа како голема победа за Севиља во борбата за опстанок, против учесниците во четвртфиналето на Лигата на шампионите, тимот на Атлетико Мадрид со резултат 2:1. Не се чекаше долго на

Проданоски со велигденска честитка: Мир, љубов и радост за сите граѓани

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните по повод големиот христијански празник Велигден. Во својата порака, Проданоски истакна дека Воскресението Христово е симбол на надежта, љубовта и новиот почеток,
Go toTop