Трамп: Путин „целосно полуде“

May 26, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп ги засили критиките кон рускиот претседател Владимир Путин, нарекувајќи го „луд“ и предупредувајќи дека секој негов обид за освојување на цела Украина „ќе доведе до пропаст на Русија“, јавува Анадолу.

„Отсекогаш сум имал многу добри односи со Владимир Путин од Русија, но нешто му се има случено. Тој целосно полуде!“, напиша Трамп на својата платформа „Трут сошал“, откако им кажа на новинарите во Њу Џерси дека „не е среќен“ поради смртоносните ракетни напади на Русија врз украинските градови и дека размислува за нови санкции кон Москва.

„Тој непотребно убива многу луѓе, а не зборувам само за војници. Ракети и беспилотни летала врз градовите во Украина, без никаква причина“, рече тој.

Претходно, Трамп изјави пред новинарите: „Ние сме среде разговори, а тој стрела ракети во Киев и други градови. Воопшто не ми се допаѓа“, додавајќи дека „апсолутно“ размислува за санкции.

Најмалку 12 лица беа убиени вчераутро во Украина по големите напади со руски беспилотни летала врз земјата разорена од војна втора ноќ по ред, додека Москва и Киев продолжуваат да разменуваат обвинувања за воздушните напади.

Трамп го нападна и украинскиот претседател Владимир Зеленски, велејќи дека неговата реторика е бескорисна.

„Зеленски не ѝ прави услуга на својата земја зборувајќи на тој начин. Сè што излегува од неговата уста предизвикува проблеми. Не ми се допаѓа и подобро е да престане“, рече тој.

Окарактеризирајќи ја тековната војна како резултат на „голема некомпетентност и омраза“, Трамп рече дека „ова е војна што никогаш немаше да започне ако јас бев претседател. Ова е војна на Зеленски, Путин и (поранешниот американски претседател Џо) Бајден – не на ‘Трамп’. Јас само помагам да се изгаснат големите и грди огнови“.

Минатата недела за време на телефонски разговор со европските лидери, Трамп рече дека Путин не е подготвен да ја заврши војната во Украина бидејќи верува дека победува, објави „Волстрит џурнал“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Среќен и добитен април во ВЛТ: Видеолотарија Касинос Австрија на играчите им исплати еден милион евра

Следно

Се огласи Мукаетов: Алкалоид ги исполни сите барања како организатор, се надеваме на одлука според важечките правилници на ЕХФ

Latest from Blog

Барселона сепак е пресилна за Бетис

И покрај фактот што позициите на табелата во Примера го најавуваа вечерашниов дуел помеѓу Барселона и Бетис како дерби, сепак, на Ноу Камп домаќинот само ја потврди својата класа сезонава. Барселона победи

Откриен планот на Израел: Тајни пустински бази за напади врз Иран

Неодамнешните откритија на „Волстрит џурнал“ покажуваат дека Израел изградил база во западната пустина на Ирак за употреба во војната што започна во февруари 2026 година. Сепак, ирачките претставници изјавија за „Њујорк тајмс“

Тревога во Финска: Кренати борбени авиони- откриена е опасност

Финскиот јавен радиодифузер Иле објави дека војската го зголемила надзорот на областа. Латвиските власти утрово издадоа јавно тревога поради можно присуство на дрон во воздушниот простор на земјата, а подоцна латвиската војска
Go toTop