ТРАМП ПОВТОРНО СЕ ЗАКАНИ! Цените на нафтата повторно во пораснаа

April 9, 2026
1 min read

Претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти дека американските воени бродови и авиони заедно со воениот персонал ќе останат околу Иран сè до исполнување на, како што рече, вистинскиот договор. Предупреди дека ако од која било причина договорот не биде исполнет, тогаш САД ќе започнат со пукањето, посилно од кога било.

„Сите американски бродови, авиони и воен персонал, со дополнителна муниција, оружје и сè што е неопходно за смртоносно гонење и уништување на веќе значително деградираниот непријател, ќе останат во и околу Иран, сè додека целосно не се исполни вистинскиот договор. Ако од која било причина не се исполни, што е многу малку веројатно, тогаш пукањето започнува поголемо и посилно од кое било досега. Беше договорено, одамна, и покрај целата лажна реторика за спротивното – нема нукеларно оружје и Ормускиот Теснец ќе биде отворен и безбеден“, пишува Трамп во објава на Трут соушл.

Во меѓувреме, цените на нафтата пораснаа, а акциите на берзите паднаа поради стравувањата за примирјето меѓу САД и Иран.

Стравувањата дека примирјето може да пропадне додека суровата нафта останува заглавена во Ормускиот Теснец доведоа до скок на нафтата од Западен Тексас за 2,8 отсто, откако вчера падна за повеќе од 16 проценти. Суровата нафта „брент“ порасна за повеќе од два отсто на 96,70 долари по падот од 13 проценти.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Навивачите на Барселона го демолираа автобусот на Атлетико

Latest from Blog

Трамп најави директни преговори со Иран во блиска иднина

„Тоа ќе се случи многу скоро“, пренесе „Њујорк пост“ изјава на Трамп од денешното телефонско интервју. Трамп појасни дека од американска страна во преговорите ќе учествуваат неговиот зет Џаред Кушнер и специјалниот

ЛШ: Атлетико слави на „Камп Ноу“, ПСЖ можеше и поубедливо против Ливерпул (ВИДЕО)

Европскиот шампион ПСЖ славеше со 2:0 против Ливерпул во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Вечерва во Париз имаше само еден тим, ПСЖ и вистинско чудо е како на овој натпревар
Go toTop