Трамп поднесе жалба до Врховниот суд за поништување на одлуката со која му се забрани учествo на претседателските избори во Колорадо

January 4, 2024
1 min read

Трамп ја оспорува одлуката на Врховниот суд во Колорадо од 19 декември која се однесува само на републиканските прелиминарни избори во државата на 5 март

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп поднесе жалба до Врховниот суд на САД откако највисокиот суд во Колорадо му забрани да биде на гласачкото ливче на претседателските избори следната година.

Трамп ја оспорува одлуката на Врховниот суд во Колорадо од 19 декември која се однесува само на републиканските прелиминарни избори во државата на 5 март. Но, нејзиниот заклучок најверојатно ќе влијае и на статусот на Трамп за општите избори на 5 ноември.

Причината за ваквата одлука е улогата на Трамп во нападот што неговите поддржувачи го извршија на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година.

Судиите, при носењето на одлуката, се повикаа на ретко користената одредба од американскиот Устав со која се забранува службени лица кои учествувале во „бунт“ да извршуваат функции.

Трамп се надева дека ќе победи на претседателските избори во САД во 2024 година и ќе се врати во Белата куќа.

Адвокатите на Трамп велат дека ова е за прв пат во историјата на САД, судството да ги спречи гласачите да гласаат за кандидатот на водечката партија.

Во жалбата, адвокатите на Трамп побараа од судиите „накратко да ја сменат“ одлуката на Врховниот суд во Колорадо бидејќи прашањето за подобноста на претседателот е резервирано за Конгресот.

Минатата недела, Трамп беше отстранет и од гласачкото ливче на претседателските избори во Мејн според клаузулата за 14-ти амандман на американскиот Устав, поради неговата наводна улога во нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.

Трамп побара од судот во Мејн да ја поништи одлуката на државниот секретар да го отстрани од изборното ливче во државата.

Адвокатите на Трамп во поднесокот навеле дека државниот секретар на Мејн, Шана Белоус, била пристрасна при донесувањето на одлуката и додале дека постапката не била спроведена во согласност со законот. Според нив, Белоус нема законско овластување да донесе одлука за дисквалификување на Доналд Трамп од претседателските избори во Мејн.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Променливо облачно, вдолж Повардарието и по одделни котлини со појава на магла

Следно

Полицијата во Скопје казни нови 140 возачи

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop