Трамп победи, Филипче загуби

November 6, 2024
2 mins read

Додека Доналд Трамп победуваше и стануваше 47-от американски претседател, Венко Филипче губеше на свој терен и стануваше тема за потсмев во сопствената СДСМ. Во исто време додека Американците му ја даваа довербата на Трамп, социјалдемократите му вртеа грб и му ја земаа истата на Филипче. Ова е кус, кроки опис на „дешавките“ од вчерашното деноноќие во САД и на Бихаќка. Вчерашниот дебакл на неславниот собир на  Извршниот и Централниот одбор на СДСМ, чин кој требаше да биде настан со кој по резил-лумперајката во Дубаи, Венко требаше да се врати со поддршка на врхушката. Фингиран чин за перење на нечиј задник, велат познавачите.

Арно ама, чинот на поддршка се претводи во акт на бојкот. Најизвиканите фаци од Извршниот одбор на СДСМ буквално му свртеа грб и не се ни појавија на собирот на чаушите. Го бојкотираше генералниот секретар  Миле Зечевиќ, отсуствуваше и поранешниот лидер Димитар Ковачевски, па секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ, исчезнаа досегашните потпретседатели Стефан Богоев и Бисера Костадиновска Стојчевска, на радарот ги немаше ниту пратеничката Славјанка Петровска, Андреј Петров, Петре Шилегов и неколку извикани членови на Извршниот одбор, повеќе пратеници…

А, од оние кои дошле, голем дел не дошле за поддршка, туку за да го направат бербат. Меѓу нив и Оливер Спасовски, кој бил бесен од оваа срамна слика, па дискутирал остро и неговиот говор бил доживеан како жестока критика на раководството на партијата на чело со Филипче, кој од Бихаќка направил не втора или трета партиска лига, туку потсојуз, Ш категорија и ситна боранија.

Над присутните на собиранката на Бихаќка, тешка сенка фрлала незаборавната слика на Филипче како се журка со менторот и сива еминенција Заев, во исто време кога партијата крвари и незапирливо ита кон извесна пасокизација. Или кон ЗНАМ и Левица, поверојатно.

Неофицијално, хит бил и статусот на Шилегов, кој пред некое време, гарант во „ин вино веритас“ ситуација, ја кажа вистината за Филипче, факт кој сите го знаат и шушкаат по ходниците, но никој немаше храброст да го каже. Или не беше доволно „загреан“ за да „признае“.

„Ај да не се лажеме !!! СДСМ е заробена партија. Уште од 2019 година. Со двајца октроирани “лидери” од јужните краишта. Тоа не е СДСМ. Тоа се тезгароши. Од Милановац. Горњи или Долеи. Март е пролет !!! Пролет е СДСМ !!!“, напиша во објавата на Фејсбук Петре Шилегов. Истиот тој кој синоќа, не случајно, беше дел од групата која го бојкотираше Филипче.

Според познавачите, низ СДС кулоарите се почесто се шири муабетот дека Филипче е на добар пат да ја продолжи трасираната шема од Заев и Ковачевски, секој следен претседател да биде полош од претходниот, за што ќе посведочат „резултатите“ на следните локални избори. Со „учинокот“ од минатите месеци, Венко е на добар пат да ја продолжи востановената традиција. Во најава се најлошите резултати во историјата на партијата, мизерни бројки по кој е се’ поизвесно дека ќе се вика Чом за да го изгаси светлото на Бихаќка.

Мандатот на Филипче му истекува за помалку од четири години. Мандат во кој наочиглед на сите, е чувар на тронот на Заев. Низ кулоарите, поведени од досегашните „успеси“ сериозно се отвора прашањето дали тој, воопшто, ќе ги дочека локалните избори како претседател на партијата…

 

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Први политички реакции по победата на Трамп на изборите во САД

Следно

14 пожари на отворено, два се уште активни

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Премиерот Христијан Мицкоски утре доаѓа во Тетово

Утре 23.03.2026 година (понеделник) претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“, инофрмираат од владината прес-служба.
Go toTop