Трамп објави дека е постигнат договор за заложниците во Газа

January 15, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп објави дека е постигнат договор за заложниците во Газа по извештаите дека Израел и Хамас дале согласност за договорот за прекин на огнот, пренесува Анадолу.

„Имаме договор за заложниците на Блискиот Исток. Тие ќе бидат ослободени набрзо“, објави Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“.

Претходно, палестинската група на отпорот Хамас соопшти дека официјално одговорила на предложениот договор за прекин на огнот со Израел.

Во соопштението, Хамас истакна: „Раководството на Хамас штотуку го достави својот одговор на предлогот за прекин на огнот до посредниците (Египет и Катар).“

Соопштението уследи по вонредниот состанок на Политичкото биро на Хамас на кој е разговарано за предлогот на посредниците, се додава во соопштението.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски во посета на Будимпешта: Економскиот развој и евроинтеграциите остануваат врвни приоритети за Владата

Следно

Холандија рутинирано до победа против Гвинеја

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop