Трамп најави производство на борбен авион Ф-47 од шестата генерација

March 21, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе започнат со производство на Ф-47 како прв борбен авион од шестата генерација во светот, во време кога траат дискусиите за Ф-35, известува Анадолу.

Американскиот претседател Трамп го објави планот на неговата земја за транзиција кон борбени авиони од 6-тата генерација на церемонијата организирана во Овалната соба.

„Под мое раководство, Военото воздухопловство на Соединетите Држави ќе премине кон првиот борбен авион од 6-тата генерација во светот, а тој авион ќе биде познат како Ф-47, името што го избраа генералите“, рече Трамп.

Информирајќи дека авионот ќе го произведува Боинг, Трамп рече: „Ф-47 ќе биде најнапредниот, најспособниот и најсмртоносниот авион некогаш направен. Експерименталната верзија на авионот лета во тајност речиси пет години. Нова флота од овие авиони ќе биде направена и ќе биде во воздухот во следните неколку години за време на мојата администрација“.

Зборувајќи дека Ф-47 ќе лета со многу нови технологии, Трамп продолжи со зборовите:

„Овој авион лета со дронови, лета со многу беспилотни летала. Ова е нова технологија, лета со дронови колку сакаме“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДУИ ја осудува трагедијата во Кочани, бара праведна и транспарентна истрага

Следно

Приходот од билетите од натпреварот Пелистер- Вардар ќе биде наменет за семејствата на трагично загинатите во Кочани

Latest from Blog

Ѓорѓиевски: По долг застој продолжува изградбата на улицата „Љубљанска“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес изврши увид во продолжувањето на градежните активности на улицата „Љубљанска“, со што по долг период на застој повторно се активира проектот за ставање во функција

Поранешниот градоначалник на Пробиштип под кривична пријава за незаконско одобрување на градба

Поранешен градоначалник на Пробиштип и двајца вработени во општината се соочуваат со кривична пријава поради сомнение за несовесно работење во службата. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднела пријава против три лица

Бејта го отвори изборниот штаб во Гостивар: „Чесност и транспарентност на прво место“

Коалицијата Вреди вчеравечер го отвори својот изборен штаб во Гостивар, со што официјално ја започна кампањата за повторените избори за градоначалник на 11 јануари. Кандидатот на коалицијата, Невзат Бејта, пред присутните ги
Go toTop