Трамп ќе бара од сите странци петгодишна историја на социјалните мрежи за влегување во САД

December 10, 2025
1 min read

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе бара од странските туристи да ја покажат својата историја на социјалните мрежи во последните пет години при влез во САД. Драстичната мерка е најновиот обид на американскиот претседател да има контрола кој влегува во земјата, откако минатата недела објави замрзнување на имиграцијата од 19 земји.


Податоците од социјалните мрежи ќе бидат потребни од сите лица кои влегуваат во САД вклучително и од земји како Обединетото Кралство, Германија за кои не требаат визи за патување.

Овој потег следува по јунската објава на Стејт департментот со која им се наложува на патниците јавно да ги објават своите профили на социјалните мрежи. Од патниците ќе биде побарано да дадат имејл адреси, телефонски броеви и информации за членовите на нивното семејство за да се обезбеди безбедно патување, објави „Дејли мејл“.


Во известувањето се наведува дека американската администрација ќе има 60 денови да даде повратни информации.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Што стои зад апликацијата на Wolt? Компанијата објави нов извештај за алгоритамска транспарентност

Следно

Binance организира голем крипто-настан во Скопје: Остануваат малку слободни места

Latest from Blog

СЕ ПРОДОЛЖУВА РОКОТ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ТРАКТОРИ, ПРИКОЛКИ И ДРУГИ МАШИНИ: Едногласно усвоен Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за возила

Пратениците на денешната седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетски политики едногласно го усвоија Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за возила, по скратена постапка. Пратеникот во

Македонски Концепт со ново раководство на Општинскиот комитет во Битола

Општинскиот комитет на Македонски Концепт (ОК на МК) во Битола со ново раководство. За координатор е избран Марјан Неделкоски, приватен стопанственик, дипломирал менаџмент на ФТМ Скопје, татко на две деца. Заменик координатор

Претовар, некористење церада и технички неисправни возила: МВР санкционираше 37 возачи

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека вчера на територијата на целата држава се спроведе засилена акциска контрола насочена кон возачите на товарни моторни возила, при што се изречени 37 прекршоци. Акцијата

Претседателот на ПСЖ „заглави“ поради конфликтот на Блискиот Исток

Присуството на Насер Ал-Келаифи на првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Челзи е под знак прашалник бидејќи претседателот на парискиот клуб се наоѓа во Доха, каде заглави

„Месец на Франкофонијата“ во Битола: танцовата претстава „F_AI_LLE“ го отвора програмот

Француската алијанса и Амбасадата на Франција во Македонија со поддршка на Општина Битола го организираат „Месец на Франкофонијата во Битола“. На 13-ти март во Народниот театар Битола ќе биде танцовата претстава „F_AI_LLE“
Go toTop