Трамп ја осуди одлуката на Бајден да испрати касетна муниција на Украина – вели овој потег води кон Трета светска војна

July 12, 2023
1 min read

Џо Бајден не треба да не вовлекува во Трета светска војна, туку треба да се обиде да стави крај на ужасната смрт и уништувања предизвикани од неспособна администрација, рече поранешниот американски претседател Доналд Трамп

Одлуката на Пентагон да испрати касетна муниција за потребите на украинската армија, предизвика низа контроверзии во светот но и во САД. Поранешниот американски претседател кој води кампања за негов повторен избор, Доналд Трамп, изјави дека овој потег на администрацијата на Бајден води кон Трета светска војна и дека неексплодираната касетна муниција ќе убива и осакатува украински мажи, жени и деца во децениите кои доаѓаат

„Џо Бајден не треба да не влече кон Трета светска војна со испраќање касетна муниција во Украина – тој треба да се обидува да стави крај на војната и да ја запре ужасната смрт и уништувања предизвикани од неспособна администрација“,

рече Трамп.

Реакцијата на Трамп дојде пет дена откако Пентагон официјално ја објави одлуката, а еден ден откако неговиот поранешен потпретседател Мајк Пенс го поддржа потегот. Трамп воедно го повтори својот став дека на Украина не треба да се испраќаат последните резерви со кои располага САД, во време кгоа арсеналот на американската армија се опасно намалени.

Од почетокот на руската инвазија минатиот февруари, Трамп постојано одбиваше јавно да вети поддршка за Украина. Во мај неколку пати избегна да одговори на прашањето дали како претседател ќе и испорача оружје и опрема на Украина.

Инаку вчера, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу рече дека доколку касетните бомби пристигнат во Киев и им се стават на располагање на украинските војници, тогаш Русија ќе биде принудена да користи слични средства против украинската армија на бојното поле.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Атлетико Мадрид го посакува Марко Верати

Следно

Членките на Г7 ќе обезбедат долготрајна безбедносна помош за Украина

Latest from Blog

Изет Меџити го реализира ветеното: „Цветан Димов“ тргнува кон изградба

Советниците на коалицијата ВЛЕН во Советот на Град Скопје ја изгласаа одлуката со која големиот инфраструктурен проект на улицата „Цветан Димов“ во Општина Чаир доби зелено светло за реализација. Со ова, проектот

Проданоски: Гласот на граѓаните е водилка за развојот на Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека секоја одлука и секој чекор на локалната самоуправа произлегуваат директно од потребите, идеите и очекувањата на граѓаните. Според него, вистинскиот развој на градот е

Косио: Куба е подготвена на „смислен“ дијалог со САД, но не и за промена на уставниот поредок

– Не сме подготвени да разговараме за нашиот уставен поредок, исто како што претпоставуваме дека САД не се подготвени да разговараат за својот уставен поредок, политички систем или економска реалност, наведе Косио.

Косио: Куба е подготвена на „смислен“ дијалог со САД, но не и за промена на уставниот поредок

– Не сме подготвени да разговараме за нашиот уставен поредок, исто како што претпоставуваме дека САД не се подготвени да разговараат за својот уставен поредок, политички систем или економска реалност, наведе Косио.
Go toTop