Трамп го предупреди Израел: „Не фрлајте ги тие бомби врз Иран“

June 24, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денес го предупреди Израел да не го бомбардира Иран, нарекувајќи го тоа „големо прекршување“ на договорот за прекин на огнот, јавува Анадолу.

„Израел, не фрлај ги тие бомби. Ако го направиш, тоа е големо прекршување, врати ги пилотите дома, сега!“, напиша Трамп во објава на неговиот профил на „Трут соушал“.

Трамп ја даде оваа изјава откако израелскиот министер за одбрана Израел Кац ѝ нареди на Армијата да го нападне Техеран, тврдејќи дека Иран го прекршил прекинот на огнот што го објави претходно Трамп.

Израел, почнувајќи од 13 јуни, изврши напади врз иранските нуклеарни и воени објекти, тврдејќи дека Техеран се приближува до тоа да се здобие со нуклеарно оружје.

Иран, кој негира дека некогаш имал програма за нуклеарно оружје, возврати со ракетни напади.

САД подоцна бомбардираа три клучни ирански нуклеарни постројки во Фордо, Натанц и Исфахан рано во неделата. Трамп рече дека нападите „целосно и тотално ги уништиле“ локациите.

Одмаздничкиот напад на Иран врз воздухопловната база „Ал Удеид“ на американската војска во Катар се случи синоќа, но немаше сериозни штети или жртви, а последователниот договор стави крај на „12-дневната војна“.

Прекинот на огнот првично го објави Трамп, кој рече дека ќе вклучува фазен прекин на операциите, при што Иран прв ќе го започне прекинот на огнот, а Израел 12 часа подоцна. Потоа, во рок од 24 часа ќе биде прогласен целосен крај на непријателствата.

Израелските медиуми објавија дека Катар посредувал во договорот.

Американскиот претседател подоцна изјави дека прекинот на огнот стапил на сила, предупредувајќи ги двете нации да не го прекршуваат: „Прекинот на огнот сега е во сила. Ве молиме не прекршувајте го!“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Запленети мрежи и 300 белвици при засилена контрола на Охридското Езеро

Следно

Наполи почна преговори со Ливерпул за Дарвин Нуњез

Latest from Blog

Политичар, левичар, наркоман… “ ДА, КОРИСТЕВ КОКАИН, НО НЕ ДОДЕКА СУМ НА РАБОТА…“. Гласајте за мене!

Лидерот на Данската либерална алијанса, Алекс Вансплаг, во објава на Фејсбук призна дека користел кокаин. Имено, во објава на социјалната мрежа Фејсбук, данскиот политичар напиша: „Значи да, пробав кокаин на почетокот на

Трипуновски: Секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара

„Мојот став е јасен и непроменет, секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара. Владата има неселективен пристап“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и

Во кои угостителски објекти ќе може да се пуши?

Предлог-законот за заштита од пушење во вторник ќе се најде на седница на Владата, по што ќе биде доставен до Собранието на понатамошна процедура. Министерот за здравство Азир Алиу информира дека процесот
Go toTop