Трамп: Европа потроши повеќе на руска нафта и гас отколку на одбраната на Украина

March 4, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Европа потроши повеќе за руска нафта и гас отколку за одбрана на Украина од Русија, изјави вчера американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Анадолy.

„Европа потроши повеќе пари за купување руска нафта и гас отколку што потроши за одбрана на Украина“, изјави тој на „Трут сошал“.

Земјите членки на ЕУ купиле руска нафта и гас во вредност од 21,9 милијарди евра во третата година од војната против Украина, според проценките на Центарот за истражување на енергија и чист воздух.

Сумата е поголема од 18,7 милијарди евра колку што 27-члениот блок ѝ додели на Украина за финансиска помош во 2024 година, покажаа податоците од Киелскиот институт за светска економија (IfW Kiel).

Трамп ја прекина воената помош за Украина по жестоката дискусија во Овалната соба со неговиот украински колега Владимир Зеленски, објавија медиумите вчера, цитирајќи неименувано официјално лице од Белата куќа.

Тој сака брз договор за завршување на тригодишната војна, но Зеленски се залага за безбедносни гаранции.

Европските лидери се обидуваа да му го претстават на Трамп својот мировен план, а ЕУ денес објави план за „Превооружување на Европа“ од 800 милијарди евра за зголемување на трошоците за одбрана во текот на годините и за обезбедување итна поддршка за Украина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тошковски: Засилена соработка со Унгарија во надградба на капацитетите на македонската полиција

Следно

АХВ: Засилени контроли за увозното овошје и зеленчукот за заштита од пестициди

Latest from Blog

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,
Go toTop